Стара нова бања — поранешен амам во Скопје. Според остатоците од објектот, познато е дека се наоѓал во непосредна близина на групата згради на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и веднаш под ридот на кој се сместени Султан-муратова џамија и Саат-кулата. Сочуваните делови од амамот денес имаат статус на заштитено културно добро.Амам „Стара нова бања“, Скопско наследство.

Историја Се претпоставува дека амамот бил изграден во XV или XVI век. Со изградбата на универзитетските згради било променето окружувањето околу амамот, а во земјотресот од 1963 бил урнат неговиот преден дел, во кој била сместена просторијата за преоблекување. Денес, во урнатини е зачуван делот со просториите за капење, резервоарот и огништето.

Архитектура Познато е дека амамот имал доста големи димензии и спаѓал во групата на единечни амами. Во својот првобитен изглед, објектот имал голема купола, сместена над осумаголен тамбур, која како и останатите куполи била покриена со цреп. На врвот од куполата се наоѓал светилник, кој служел за осветлување на просторијата за преоблекување, која била осветлена и преку прозорските отвори, кои во два реда биле поставени на јужната и западната фасада. Во средишниот простор од објектот имало шадрван. Од остатоците на ѕидините може да се забележи дека објектот бил сталактитно украсен.

Поврзано Стара скопска чаршија

Наводи

Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Отомански амами во Македонија Категорија:Поранешни бањи во Македонија Категорија:Урнатини во Македонија