Папрадиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба Селото Папрадиште се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Добра Вода, оддалечено 20 километри северно од Кичево.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 7 семејства и 1 неженет, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.221
Население Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 290 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Папрадиште живееле 220 жители, сите Албанци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Папрадишта се води како чисто албанско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.
Според пописот од 2002 година, во селото Папрадиште живеат 75 жители, од кои 74 Албанци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Албанци.
Родови
Папрадиште е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.
Родови во селото се: Џине (12 к.) најстариот род во селото. Нивниот предок се доселил пред околу 140 години од областа Матија во Северна Албанија. Калешовци (20 к.), се доселиле по родот Џине. И нивното потекло е од Мат во Албанија. Предокот Лиман Калеши се доселил пред околу 135 години. Се знае следното родословие: Сулејман (55 години) - Вели - Реџеп - Суљо - Реџо - Лиман. Имаат истоимени роднини во соседните села Туин, Србица и Ќафа. Манцуке (2 к.), се доселиле по родот Калешовци. Потеклото им е исто. Хаздуке (3 к.), најмладиот селски род. Се доселиле од соседното село Ќафа. Подалечното потекло им е исто како и на другите родови.Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Јован Ф. Трифуноски. Скопје:1968.стр.42
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 800 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.
Поврзано Кичевско Поле Општина Осломеј Кичево
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Папрадиште на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево