Македонска сага — македонски игран филм по сценарио и режија на Бранко Гапо. Премиерата била одржана во 1993 година.
Кратка содржина
Доаѓањето на младиот учител Дамјан во едно село во Западна Македонија го разбранува вообичаеното секојдневие на неговите жители кои припаѓаат на различни вероисповеди. Тој по многу нешта се разликува од поранешните учители во селото. Со својата младост, со начинот на комуницирање со децата и со авангардизмот го привлекува вниманието на селаните.
Во таквиот склоп на околности, тој е почитуван гостин во многу селски домаќинства. Во едно од нив живее и девојката Џемиле, сестра на новиот пријател на учителот, кој по игра на случајот е и првата личност што тој ја запознава по пристигнувањето во селото. Убавата девојка му го привлекува вниманието на Дамјан кој во почетокот, можеби и неодговорно, и се додворува, не водејќи сметка за патријархалноста на средината во која се наоѓа. Се раѓа љубов, чија трагична компонента е присутна од самиот нејзин почеток. Различната верска припадност не ветува можност за среќен крај на љубовта што наскоро ќе престане да биде тајна. Под силниот притисок на семејството на Џемиле и на селото воопшто, Дамјан ќе го напушти селото. Набрзо потоа, како во бунило, тој се враќа. Но, во тој временски интерегрум, Џемиле се самоубива, скокајќи во надојдените води на реката крај која и започна нејзината голема љубов.
Наводи
Категорија:филмови на Бранко Гапо Категорија:Филмови од 1993 година Категорија:Филмови со Билјана Танески Категорија:Македонски филмови од 1990-тите Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија