Велесело — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Селото е сместено во подножјето на Селечка Планина, југоисточно од Битола. Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велесело живееле 110 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велесело имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Веле Село се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 18 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Велесело, поради иселувањето на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 131 жител, а во 1994 година 8 жители, Македонци.
Според пописот од 2002, селото брои само 4 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Родови
Велесело е македонско село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
Староседелци: Караџовци (4 к.), Амбаровци (1 к.), Велковци (1 к.) и Дултевци (1 к.) Доселеници: Ќутевци (2 к.) потекнуваат од домазет, кој се доселил од селото Тепавци во XIX век. Таму имаат роднини, подалечно потекло од некое село во околината на Корча во Албанија; Кочовци (2 к.) и Петковци (2 к.) родовите ги основале доселеници од селото Тепавци, и нивното подалечно потекло е од околината на Корча во Албанија; Рибицовци (1 к.) доселени се од селото Полог.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 172 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Брод.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Родовите Мојановци и Враговци се иселиле во селото Брод. Даскале се иселиле во Бач. Стојковци и Беџовци се иселиле во Долно Егри. Димуловци во Средно Егри. Трајковци во Орехово.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Новаци