За други значења видете на појаснителната страница
Полог — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Селото е сместено на падините на Селечка Планина, источно од Битола. Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.
Во почетокот на XX век селото е запалено од грчки андарти.Узер, Тахсин. Тахсин беj ја објаснува Македонија, Скопје 2013, с. 214. Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Полог живееле 160 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Полог имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Полог се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 17 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Селото е раселено и според пописот од 2002 година во селото нема жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква; и Црква „Св. Илија“ — нова селска црква.
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Новаци
Категорија:Раселени села во Македонија