Долно Коњско — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на селото

Долно Коњско се наоѓа јужно од градот Охрид, сместено над патот Охрид-Св. Наум и во непосредна близина на Охридското Езеро. Оваа населба е оддалечена 5 километри од градот Охрид.

Селото е сместено долж брегот на Охридското Езеро, во подножјето на планината Галичица. Селото поседува водовод.

Во минатото, Долно Коњско претставувало составен дел на тогашното големо село Коњско, сместено високо на падините на планината Галичица. Денес, селото прераснува во туристичко место, поради непосредната близина на езерото.

Историја

Историјата на Долно Коњско започнува со доселувањето на неговите жители од старото Коњско, кое сега е речиси напуштено. До средината на век, просторот на кој сега се наоѓа населбата претставувал каменест и сув рид на кој за брзо време била подигната денешната населба.Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009

По 1970 година, мештаните од Коњско започнале да градат нови куќи близу Охридското Езеро, во месноста Гумниште. Таму порано имало лозја и трла, во кои на зима се чувала стоката.

Стопанство

Селото не поседувало свој атар во минатото, поради што и нема распределба на површините по намена.

Поради непосредната близина на селото до Охридското Езеро, во него е особен развојот на туризмот.

Население

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 во г. селото Коњско имало 40 домаќинства и 116 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коњско живееле 360 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Коњско имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото заедно со Горно Коњско имале 500 Македонци.

Селото не било вклучено во пописите во периодот 1948-1994 како посебна единица, туку неговите податоци се прикажувале во населеното место Коњско.Податоците за населените места Долно Коњско и Населба Исток, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Коњско.

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Коњско живееле 551 жител, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 521 жител, од кои 512 Македонци, 1 останат и 8 лица без податоци.

Општествени установи

Основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Велестово, се наоѓале и селата Велгошти, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Шипокно, во која влегувале селата Велестово, Коњско и Шипокно.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Долно Коњско.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 647 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Недела“ — главна селска црква, од 2007 г.

Наводи

Поврзано Општина Охрид Охрид

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Охридски села Категорија:Села во Општина Охрид