Расино — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Потекло на името

Селото најпрвин запишано како Расино се сретнува во 1583 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Рас или Расо, или пак Раса.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќи во селото

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Охрид. Селото е планинско, на надморска височина од 820 метри. Од самиот град Охрид е оддалечено 16 километри.

Куќите на ова мало село се распослани во горниот тек на малата река Вапилица, десна притока на Коселска Река. Околни села се: Вапила, Опеница, Сирула и Завој. Мештаните со вода за пиење се снабдуваат од извори и бунари.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Краста, Требишки Рид, Дебранка, Мамачов Рид и Селиште.

Селото е од збиен тип и не се дели на маала.

Сместено е на југозападните падини на Плакенска Планина.

Историја

Покрај селото постои месноста Селиште, каде според народната традиција се верува дека се наоѓало старо село. За време на турското владение, ова селиште пропаднало. Денес, не може да се забележат старини на тоа место.

Во век, Расино било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

За селото не се води катастарска евиденција, поради што нема распределба на атарот по површини.

Селото нема големи услови за земјоделство, освен малкуте земја во долината на реката Вапилица. Но, има услови за сточарство, особено на одгледување кози.

Население

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 60 домаќинства и 156 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 104-105.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Расино живееле 60 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, с. 252 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Расино имало 64 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Росино е претставено како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Така, во 1961 година селото имало 78, а во 1994 година само 13 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Расино живееле 8 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Родови

Расино е македонско православно село. Во селото има два рода, кои се доселиле во селото. Потеклото на овие рода не се знае.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

Доселеници: Јанчевци или Јаќимовци (2 к.), доселени се во 1845 година од селото Сирула. Таму припаѓале на родот Јанчевци; Младеновци или Доневци (1 к.), доселени се во 1912 година од селото Сирула. Таму припаѓале на родот Младеновци; Лушковци (2 к.), доселени се во 1924 година од селото Куратица. Таму припаѓале на истоимениот род; Аврамовци (1 к.), доселени се во 1926 година од селото Куратица. Таму припаѓале на родот Петревци; Дичовци (1 к.), доселени се кога и претходниот род. Доселени се од селото Куратица, каде припаѓале на родот Колевци.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото Расино, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Речица, Свиништа, Сирула и Косел. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула.

Избирачко место

мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Никола“

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Вапила.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Чешма — средновековна населба

Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква

Иселеништво

Се знае за следните иселени родови од селото: Расинци (1 к.) во Горно Лакочереј.

Наводи

Поврзано Општина Охрид Охрид

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Охридски села Категорија:Села во Општина Охрид