мини|десно|Галапагоска желка — џиновска едемска желка од архипелагот Галапагос мини|десно|Вилдпретова змијоглавка — ендемит на Тенерифе, Канарски Острови

мини|десно|Поштенска марка со алшарска темјанушка — ендемит од местото Алшар на планината Кожуф, јужна Македонија Ендемизам — еколошка појава при што еден организам живее само во една географска област или тип на живеалиште и го нема никаде на друго место. Таквиот се нарекува ендемит или ендем. Организмите што се домородни во одредена област не се ендемски доколку се среќаваат и на други места. Крајно спротивната состојба на ендемизмот е космополитизмот.

Настанокот и одржувањето на ендемизмот зависи од физички, климатски и биолошки фактори, но зависи и од правна заштита на организмите и практиките на луѓето во тоа подрачје.

Постојат две поткатегории на ендемизам — палеоендемизам и неоендемизам. Палеоендемизмот е појава каде еден вид порано бил нашироко распространет, но денес е ограничен на мало подрачје. Неоендемизмот се однесува на видови што се јавиле неодамна со разгранување и репродуктивна изолација, или пак оние создадени со вкрстување кои со време добиле статус на посебен вид. Ова е честа појава кај растенијата, особено оние што се одликуваат со полиплоидија.

Ендемските типови и видови особено се среќаваат во биолошки изолирани подрачја (најчесто острови) поради географската оддалеченост од други живеалишта. Тука се вбројуваат оддалечените островски групи како Хаваите, архипелазите Галапагос и Сокотра и биолошки изолираните неостровски подрачја како горските предели на Етиопија. Во водните живеалишта, ендемите се јавуваат во поголеми самостојни водни површини како Бајкалското и Охридското Езеро.

Видовите кои се ендемски лесно стануваат загрозени или изумираат доколку нивното ограничено живеалиште претрпи измени. Факторите на промена можат да бидат човечки и природни. Меѓу човечките, особено големо блијание има доведувањето на нови организми. Еден пример е населувањето на Бермуда, каде, на почетокот на XVII век, имало милиони бермудски бурници и бермудски смреки. Кон крајот на векот, бурниците се сметале за изумрени. Во XX век смреките настрадале од ненамерно донесен паразит и, поради нивната оскудност (векови експлоатација за бродоградба) речиси изумреле. Иако не се изумрени, бермудските бурници и смреки денес се многу ретки, како и други ендемски видови на Бермуда.

Екорегиони со висок степен на ендемизам Според Светскиот фонд за природа (WWF), следниве екорегиони имаат највисок процент на растителни ендемити:

финбос (ЈАР) хавајски тропски суви шуми (САД) хавајски тропски дождовни шуми (САД) квонгански вресишта (Австралија) мадагаскарски суви листопадни шуми (Мадагаскар) мадагаскарски низински шуми (Мадагаскар) новокаледонски суви шуми (Нова Каледонија) новокаледонски дождовни шуми (Нова Каледонија) борово-дабови шуми Сиера Мадре де Оахака (Мексико) борово-дабови шуми од Јужната Сиера Мадре (Мексико) лусонски планински дождовни шуми (Филипини) лусонски дождовни шуми (Филипини) лусонски тропски борови шуми (Филипини) минданајски планински дождовни шуми (Филипини) минданајско-источновисајски дождовни шуми (Филипини) палавански дождовни шуми (Филипини)

Поврзано Домороден вид Ендемски видови во Република Македонија

Наводи

Библиографија

Категорија:Биоразновидност Категорија:Екологија Категорија:Биогеографија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Еколошки поими