200п|мини|десно Залезот на Западот (германски: Der Untergang des Abendlandes) е дело на германскиот филозоф и историчар Освалд Шпенглер. Се состои од два тома кои биле објавени во 1918 и 1923 година, во 1922 година првиот том бил ревидиран и како таков повторно бил објавен. Објавувањето на ова дело се поклопило со крајот на Првата светска војна, поразот и понижувањето на Германија, а германската јавност ја поздравиле оваа творба. Самиот Шпенглер истакнува дека при создавањето на Залезот на Западот бил под силно влијание на Гете и Ниче.

Во ова дело Шпенглер ја отфрлил идејата за една и единствена напредувачка историја на човештвото која што започнала со христијанските историчари, а кулминирала со Маркс и Хегел, и се вратил кон цикличните истории на оделни народи кои биле карактеристични за грчките и римските историографи. Во Залезот на Западот, Шпенглер ја дели историјата на истории на оделни народи - култури, кои секоја за себе, се потчинуваат на определени еднобразни закони на растеж и распад Крајот на историјата и последниот човек. Шпенглер истакнува:

Залезот на Западот своевремено било многу читано, а поради изразениот песимизам на Шпенглер делото останало популарно до ден денес, а има и одредено влијание врз некои државници и политичари, како што е Хенри Кисинџер. Според некои погледи Залезот на Западот страда од органски недостаток бидејќи дава сомнителна аналогија меѓу културата и биолошкиот организам.

Извори

Надворешни врски "Залезот на Западот" од Освалд Шпенглер Чекајќи го крајот

Категорија:Освалд Шпенглер Категорија:Книги од 1918 година