Вироиди се растителни патогени кои се состојат од една кратка, кружна, РНК молекула без белковинска обвивка која е карактеристична за вирусите.
Вироидите биле откриени и именувани од страна на Теодор Ото Динер, растителен патолог вработен во Службата за Земјоделско Истражување во Мериленд во 1971 година.
Вироидите се екстремно мали по големина, со геном од 246 до 467 нуклеотиди и се состојат од помалку од 10,000 атоми. Досега се идентификувани 33 видови.
Наводи