Шенек (, исто така познат како Шенек/Фогтланд) — град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 18 километри југоисточно од Плауен и 35 километри северно од Хеб. Шенек е познат како најголемиот скијачки центар во источниот дел на Германија. Сместен на надморска височина повисока од 700 метри (црквата) претставува град на највисока височина во округот Фогтландкрајс. Припаѓа на т.н. музички агол.
Единици на градот
Делови на Шенек се Арнолдсгрин, Ешенбах, Гунцен, Корна, Котенхајде, Шилбах и Цвотентал.
Историја
Шенек станал град во 1370 година, но првпат бил споменат еден век претходно, кога замокот castrum Schoennecke бил спомнат како средновековен дворец.
По уништувачките големи пожари (1632, 1680, 1761 и 1856), Шенек се приклучил во индустријализацијата во век. Главната дејност на градот била производството на цигари. Во 1875 била изградена железничката линија Фалкенштајн - Клингентал. Населението значително се зголемило до Втората светска војна, но подоцна повторно се намалило.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Фогтланд (округ)