Денга — инфекција предизвикана од вирус на денга. Комарците го пренесуваат (или го шират) вирусот на денгата. Треската од денга е позната и како „коскокршечка треска“ затоа што може да предизвика толку силна болка, што болниот ќе има чувство како да му се кршат коските. Некои симптоми на треската денга се треска, температура, главоболка, осип на кожата што заликува на морбили, како и болка во мускулите и во зглобовите. Кај некои заболени, денгата може да се претвори во форма што е опасна по животот. Првата е хеморагичната треска на денга, што предизвикува крварење и протекување на крвните садови (цевчиња што пренесуваат крв), како и ниско ниво на тромбоцити (што ја засируваат крвта). Втората е синдромот на шок одс денга, што предизвикува опасна низок крвен притисок.
Вирусот на денгата го има во четири различни видови. Штом заболи поединецот од еден тип на вирусот, обично е доживотно заштитен од тој тип на истиот. Меѓутоа, заштитата од другите три типа на вирусот трае кратко време. Ако поединецот подоцна заболи од некој од другите три типа, постои веројатност кај него да се јават сериозни проблеми.
Нема делотворна вакцина што ќе ја спречи појавата на инфицирање со вирусот на денгата. Има неколку работи што може да се направат за да се спречи луѓето да добиваат денга. Тие можат да се заштитат себеси од комарци и да го ограничат бројот на каснувања што би го имале. Научниците предлагаат да се смалат живеалиштата на комарците и да се смали бројот на постоечки комарци. Штом човекот ќе се зарази од денгата, може да закрепне само со земање на доволно течности, но само доколку болеста е во блага или во умерена форма. Ако е случајот посериозен, можно е да му требаат интравенски течности (течности што се даваат директно во вена, со помош на игла и цевчиња) или трансфузии (дарување на крв на друго лице).
Од 1960-те години, многу повеќе луѓе се разболуваат од денга. Болеста стана светски проблем од Втората светска војна. Честа појава е во над 110 земји. Секоја година, околу 50–100 милиони луѓе добиваат денга.
Се работи на вакцина и на лекарства за директно лекување на вирусот. Луѓето се обидуваат на најразлични начини да се ослободат од комарците.
Првите описи на денгата потекнуваат од 1779 година. На почетокот на 20. век, научниците дознале дека болеста е предизвикана од вирус и дека се пренесува (или шири) преку комарците.
Знаци и симптоми thumb|300px|alt=Скица на човечко торзо со стрелки кон органите што се под влијание на денгата во нејзините различни етапи|Слика со симптомите на треската на денгата
Околу 80% од луѓето (или осум на секои десет) инфицирани со денга вирус не покажуваат симптоми ниту пак имаат благи симптоми (како обична треска). Околу 5% од инфицираните (или петмина од секои 100) посериозно се разболуваат. Кај мал дел од овие луѓе, болеста е опасна по животот. Симптомите се јавуваат помеѓу три до 14 денови откако е поединецот изложен на денга вирус. Симптомите најчесто се јавуваат по четири до седум дена.Gubler (2010), p. 379. Така, ако поединецот се врати од место каде што денгата е честа, па добие треска или други симптоми после 14 дена од враќањето, веројатно нема денга.
Кај децата со денга често симптомите се исти како и за настинка илигастроентеритис (или стомачен вирус). На пример, повраќање и дијареја). Меѓутоа, поверојатно е децата да имаат сериозни проблеми од денгата.
Клинички тек Класични симптоми на денга се ненадејна треска, главоболка (обично зад очите), осип и болки во мускулите и во зглобовите. Прекарот на болеста, „коскокршечка треска“ опишува колку е силна болката што се јавува. Денга се случува во три етапи: фебрилна, критична и етапа на закрепнување.WHO (2009), pp. 25–27.
Во фебрилна фаза, лицето обично има висока температура. („фебрилна“ означува дека поединецот има треска). Треската обично е над 40 целзиусови степени. Може да се чувствува и општа болка и главоболка. Фебрилната етапа обично трае од два до седум денови. Во оваа етапа, околу 50 до 80% од луѓето што имаат симптоми се исфрлаат. Првиот или вториот ден, осипот изгледа како кожата да е заруменета (вцрвена). Подоцна при болеста (помеѓу четвртиот и седмиот ден), осипот заликува на морбили. На кожата се појавуваат црвени мали точки (петехии). Овие точки не исчезнуваат кога ќе се притисне кожата. Црвените точки се предизвикани поради пукнати капилари. Кај болниот може да се јави и благо крварење од слузницата на устата и носот. Самата треска има тенденција да помине (да се подобри), а потоа да се врати на ден-два. Меѓутоа, оваа шема се случува на различен начин кај различни луѓе.
Кај некои луѓе, болеста оди во критична фаза откако ќе ја снема високата температура. Критичната фаза обично трае еден до два дена. За време на оваа фаза, во градите и во абдоменот може да се насобере течност. Ова се случува поради тоа што малите крвни садови пропуштаат. Течноста се насобира и повеќе не циркулира низ телото. Ова значи дека виталните (најважните) органи не добиваат крв како и обично. Поради тоа органите не функционираат нормално. Кај болниот може да се јави и сериозно крварење (обично од гастроинтестинален тракт).
Помалку од 5% од оние со денга добиваат циркулаторен шок, синдром на шок од денга и хеморагична денга. Ако болниот претходно имал некој друг тип на денга („секундарна инфекција“), постои веројатност кај него да се јават сериозни проблеми.
Во етапата на закрепнување, течноста што протекла низ крвните садови се враќа во крвотокот. Етапата на закрепнување обично трае од два до три дена. При оваа етапа, на болниот му станува многу подобро. Меѓутоа, може да се јави јадеж и бавна срцева работа. При оваа етапа, болниот може да се најде во состојба на преоптовареност со течност (онаму каде што се повлекува течноста). Ако ова се одрази на мозокот, може да предизвика мозочен удар или изменета состојба на свесност (кога поединецот има мисли, свест и однесување поинакви од вообичаените).
Придружни проблеми Одвреме-навреме, денгата може да влијае и на други системи во организмот. Кај болниот може да се јават само поединечни симптоми, или пак, овие заедно со класични симптоми на денга. Состојба на смалена свесност се јавува кај 0,5–6% од сериозните случаи. Ова може да се случи кога вирусот на денгата предизвикува инфекција на мозокот. Тоа може да се случи и кога виталните органи како црниот дроб, на пример, не функционираат како што треба.
Кај болните од денга се јавуваат и другиневролошки нарушувања (нарушувања на мозокот и на нервите). На пример, денгата може да предизвика трансверзен миелитис или Гилен-Барејов синдром. Иако ова речиси никогаш не се случува, денгата може да предизвика инфекција на срцето и акутно оштетување на црниот дроб.
Причина
Денгата ја предизвикува вирус. Научниот систем што ги именува и класифицира вирусите вели дека вирусот на денгата е дел од фамилијата „Flaviviridae“ и родот „Flavivirus“. И други вируси припаѓаат на истата фамилија и предизвикуваат болести кај луѓето. На пример, и вирусот на жолта треска, западнонилски вирус, вирус на енцефалитис „сент луис“, вирус на енцефалитис што го предизвикува крлеж, вирус на кјасанурска шумска болест и вирусот на омска хеморагична треска припаѓаат на фамилијата„Flaviviridae“. Повеќето вакви вируси ги пренесуваат комарци или крлежи.
Пренесување alt=Комарец „Aedes aegypti“ сликан одблиску како убодува човечка кожа|thumb|Комарец „Aedes aegypti“ се храни од човек Вирусот на денгата се пренесува (или шири), главно преку убоди на комарци „Aedes“ ,особено на типот на комарец „Aedes aegypti“.WHO (2009), pp. 14–16. Овие комарци обично живеат на географска ширина од 35° северно и јужно, на надморска височина од 1000 м. Касаат најчесто дење. Човекот може да се инфицира од само еден убод.
Понекогаш комарците може да се зарзат со денга од луѓето. Ако женка на комарецот касне инфициран поединец,комарецот може да се зарази со вирусот на денгата. Вирусот првин живее во клетките што ги обложуваат цревата на комарецот. Осум до десет дена подоцна, вирусот се шири до плунковните жлездина комарецотм каде што се прависалива (или „плунка“). Тоа значи дека плунката што ја прави комарецот е инфицирана со вирусот на денга. Кога комарецот ќе касне човек, неговата инфицирана плунка оди во човекот и може да го зарази него. Изгледа вирусот не предизвикува проблеми за инфицираните комарци што ќе останат инфицирани додека се живи. Најверојатно е дека комарецот „Aedes aegypti“ ќе ја рашири денгата. Тоа е така затоа што сака да живее блиску до луѓето и да се храни од нив наместо од животни.Gubler (2010), pp. 377–78. Исто така сака да полага јајца и во садови со вода што ги направил човекот.
Денгата се шири и преку заразени крвни производи и преку донирани органи. Ако болниот од денга дарува крв или орган, што потоа ќе им се дадат на некој друг, тој другиот може да се зарази со денга од даруваната крв или орган. Во некои земји, како Сингапур, денгата е честа појава. Во ваквите земји, од 1,6 до 6 трансфузии од секои 10.000 шират денга. Вирусот на денга може да се пренесе од мајка на дете за време на бременост или кога детето ќе се роди. Денга обично не се пренесува на друг начин.
Ризици Бебињата и малите деца со денга се со поголема веројатност од возрасните сериозно да се разболат. Веројатноста од сериозно разболување е поголема кај децата што се добро растени (здрави се и добро се хранат). (Ова е различно од многу други болести, со кои полошо им е на децата што се неисхранети, болникави се или не се хранат добро). Веројатноста за сериозно разболување е поголема кај жените отколку кај мажите. Денгата може да им го загрози животот на болните од хронични (долгорочни) болести, како што се дијабетес и астма.
Механизам Кога комарецот ќе касне некого, неговата плунка навлегува во кожата на поединецот. Ако комарецот има денга, вирусот е присутен во плунката. Кога комарецот ќе го касне поединецот, вирусот влегува во неговата кожа заедно со плунката на комарецот. Вирусот се прикачува за белите крвни клетки и навлегува во нив. (Тие му помагаат на телото да се брани од закани, односно инфекции). Додека белите крвни клетки се движат низ телото, вирусот се размножува (се репродуцира). Белите крвни клетки реагираа со тоа што произведуваат сигнализирачки белковини (таканаречени цитокини), како интерлеукини, интерферони и фактори за некроза на тумори. Овие белковини ја предизвикуваат треската, симптомите како кај грип и сериозната болка што е придружна со денгата.
Ако некој има тешка (сериозна) инфекција, вирусот се размножува многу побрзо во организмот. Поради тоа што вирусот сега почесто го има, може да влијае и на други органи (како црниот дроб и коскената срцевина). Течноста од крвотокот истекува преку ѕидовите на малите крвни садови во телесните шуплини. Поради ова, помалку крв циркулира (или се движи низ телото) во крвните садови. Крвниот притисок на поединецот толку се снижува, што срцето не може да испумпа доволно крв до виталните (најважните) органи. Исто така, коскената срцевина не може да произведе доволно тромбоцити коишто се потребни за крвта правилно да засирува. Без доволно тромбоцити, има голема веројатност кај поединецот да се јават проблеми со крварење. Крварењето е голема компликација на денгата (спаѓа меѓу најсериозните проблеми што болеста може да ги предизвика).
Дијагноза Обично, здравствените работници дијагностицираат денга преку испитување на заразеното лице и согледување дека симптомите одговараат на денга. Здравствените работници на овој начин најуспешно ќе дијагностицираат денга онаму каде што болеста е најчеста. Меѓутоа, кога денгата е во раните етапи, тешко може да се увиди разликата помеѓу оваа и други вирусни инфекции (инфекции предизвикани од вируси). Поединецот најверојатно има денга, ако има треска и два од овие симптоми: мачнина и повраќање, осип, општа болка (болка во целото тело), мал број на бели крвни клетки или позитивен тест за пукање капилари. Кој било од овие знаци, заедно со треска, во местата каде што болеста е честа, покажува дека болниот има денга.