Кокре — село во Општина Прилеп, во областа Прилепско Мариово, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото
Ова мало село се наоѓа во северозападниот дел на прилепскиот дел од областа Мариово, во средишниот дел на територијата на Општина Прилеп. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.
До селото локален земјен пат, кој започнува од селото Кален, до кое води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1107 од неговата лева страна.
Историја
Селото Кокре во османлиските пописни дефтери:
Османски статистикиДомаќинстваНеженетиВдовициГодишен приходДефтер бр. 4 од 1476/77 г.91690Дефтер бр. 16 од 1481/82 г.15917Дефтер бр. 73 од 1519 г.6323002Дефтер бр. 149 од 1528/29 г.361124539Дефтер бр. 232 од 1544/45 г.3452138
Стопанство
Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 21,6 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 1.345 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 496 хектари, а на шумите 115 хектари.
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кокре живееле 466 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кокре имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Кокре се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 74 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Кокре е мало село, коешто во 1961 година броело 266 жители, а во 1994 година само 16 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Кокре броело само 7 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во век, Кокре било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Витолиште.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Дуње, во која покрај селото Кокре, се наоѓале и селата Вепрчани, Дуње, Ѓуѓаково, Кален, Крушевица, Пештани и Чаниште. Општината Дуње постоела и во периодот 1950-1952 година, додека во периодот 1945-1950 селото било дел од Општина Кален во која влегувале селата Кален, Кокре и Пештани.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1522 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Грамаѓе — населба од доцноантичкото време; Корита — средновековна некропола; Спасица — светилиште од римското време; Црква Св. Архангел — средновековна некропола; и Коњарник — утврдена населба од доцноантичко време.
Цркви Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква; и Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква, обновена во октомври 1969 година.
Манастири Кокречки манастир — обновен манастир.
Реки Кокречка Река (позната и како Каленска Река) — река низ селото.
Редовни настани
Слави Духовден — селска слава
Личности
Родени во или по потекло од Кокре Катерина Димеска (р. 1963) — македонски политичар, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Поврзано Општина Прилеп Мариово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп Категорија:Раселени села во Македонија