Големо Московско Кнежевство (руски: Великое княжество Московское) — средновековно руско кнежевство кое постоело во периодот од 1263 до 1547 година. Оваа кнежевство било наследник на Владимирско-суздаљското Кнежевство а претходник на Руското царство.

Кога монголците ја нападнале територијата на Киевска Русија, Москва претставувала безначајно место во Владимирско-суздаљското Кнежевство. Иако во зимата на 1238 година ја опожариле Москва, московската област пружила одредена сигурност од монголските напади. Киевска Русија започнало постепено да се распаѓа на неколку мали кнежевства. Така кон крајот на 12 век Владимир се поделил на Ростовско, Перејаславско, Јуриевско и Страдодубско кнежевство. Во втортата половина на 13 век настанале Суздаљското, Костромското и Московското Кнежевство.

Московското Кнежевство се појавило за првпат во еден летопис од 1147 година, додека во 13 век пак, во времето кога започнало да се распаѓа некогашното Ростовско кнежевство меѓу потомците на Всеволд III, Московското започнало да се создава. Во околу 1260 година, синот на Александар Невски, Даниел Александрович ја основал новата московска династија. Во тоа време, тоа кнежевство било сѐ уште мало. Во времето на Данаил, таа започнала да се проширува, со кое започнал процесот на соединување на руските земји под Москва.

Московското Кнежевство, главно поради својата географска положба привлекувала голем број на доселеници. Кнежевството било полно со шума и било заштитено од напади на соседните кнежевства. Трговијата овозможила зголемување на материјалното богатство на земјата. Московскиот кнез во тоа време се ставил во служба на Златната орда.

Кнезови ПортретИмеРоденОдСемејствоДоПочиналДаниел Московски(Данаил I)ноември/декември 1261Киев, Големо Московско Кнежевство1283Син на Александар Невски и Александра Полоцкајаоженет:Марија6 деца4 март 13034 март 1303Москва, Големо Московско КнежевствоЈуриј III (Юрий III)12814 март 1304Син на Данаил Московски и Маријаженен на двапати:ќерка на кнезот Константин Ростовскинемаат децаКончаканемаат деца21 ноември 132521 ноември 1325Сарај Бату,МонголијаИван I(Иван I Калита)1288Москва, Големо Московско Кнежевство21 ноември 1325Син на Даниел Московски и Маријаженен двапати:Елена3 децаЈулија3 деца31 март 134031 март 1340Москва,Велико московско княжествоСимеон Московски(Симеон Гордиот)7 ноември 1316Москва, Големо Московско Кнежевство31 март 1340Син на Иван I и Еленаеднаш:Августа Литовсканемале деца27 април 135327 април 1353Москва, Големо Московско КнежевствоИван II Убвиот(Иван II Красный)30 март 1326Москва, Големо Московско Кнежевство27 април 1353Син на Иван I и Еленабрат на Симеон Гордиотдвапати:Феодосијанемале децаАлександра Велјаминова4 деца13 ноември 135913 ноември 1359Москва, Големо Московско КнежевствоДимитриј Донски(Дмитрий Донской)12 октомври 1350Москва,Велико московско княжество13 ноември 1359Син на Иван II и Александраеднаш:Евдокија Дмитриевна13 деца19 март 138919 март 1389Москва, Големо Московско КнежевствоВасилиј I(Василий I)30 декември 1371Москва, Големо Московско Кнежевство19 март 1389Син на Димитриј Донски и Евдокијаеднаш:Софија Литовска9 деца27 февруари 142527 февруари 1425Москва, Големо Московско КнежевствоВасилиј II(Василий II Тёмный)10 март 1415Москва, Големо Московско Кнежевство27 февруари 1425Син на Василиј I и Софијаеднаш:Марија Јарославна3 деца27 март 146227 март 1462Москва, Големо Московско КнежевствоИван III Велики(Иван III Великий)22 јануари 1440Москва, Големо Московско Кнежевство27 март 1462Син на Василиј II и Маријадвапати:Марија Тверска1 детеСофија Палеологина8 деца27 октомври 150527 октомври 1505Москва, Големо Московско КнежевствоВасилиј III(Василий III)25 март 1419Москва, Големо Московско Кнежевство27 октомври 1505Син на Иван III и Софија Палеологинадвапати:Соломонија Сабурованемале децаЕлена Глинскаја2 деца3 декември 15333 декември 1533Москва, Големо Московско КнежевствоИван IV Грозни(Иван IV Грозный)25 август 1530Москва, Големо Московско Кнежевство3 декември 1533Син на Василиј III и Еленаженен 8 пати18 март 158318 март 1583Москва,Руско царство

Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Московска област Категорија:Русија во средниот век Категорија:Историја на Москва Категорија:Поранешни словенски држави Категорија:Поранешни монархии во Европа