Ракле — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географија и местоположба мини|лево|Селото со околината Ракле се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, на југоисточните падини на планината Бабуна. Селото е планинско и се простира на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 13,7 км2.

Историја мини|лево|Жители на Ракле за време на Првата светска војна Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство. На 14 јули 1907 година. во близина на селото е водена познатата Битка на Ножот.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 828 ха, на шуми отпаѓаат 407 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 317 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ракле живееле 580 жители.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ракле имало 616 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ракли се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 90 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Ракле било средно по големина село според незначителните промени во бројот на население. Така, во 1961 година броело 269 жители, а во 1991 година бројот се намалил на 17 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото има само 7 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Родови

Ракле е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

Староседелци: Бојовци-Велковци (11 к.), Мангировци (5 к.), Пушевци (5 к.), Ржаровци (9 к.), Паровци (9 к.), Курпашовци (5 к.), Кишковци (4 к.), Богевци (1 к.), Царевичковци (2 к.) и Србовци (2 к.) Доселеници: Поповци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Трипуновци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Пемовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор: Миновци-Карасановци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Голевци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Чеповци (1 к.) доселени се од селото Тројаци: Колевци (1 к.) доселени се од селото Топлица.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1429 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Никодин.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|200п|Црквата „Св. Атанасиј“ Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Аништа — населба од римско време; Венци — населба од римско време; Грамаѓе — населба од римско време; Желкоец — осамени наоди од римско време; Кутлине — населба од неолитско и римско време; Маркови Круши — населба од римско време; Рамниште — населба од римско време; Ридот — неолитска населба; Старо Гумно — населба од неолитско и римско време; Улица — населба од римско време; Чаршија — старохристијанска баазилика; и Черењет — населба од римско време.

Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква изградена во средината на XIX век.„Црква „Св. Георгиј“, село Тројаци “. OldPrilep. 4 јуни 2015.

Реки Ралковец.

Личности Личности родени во Ракле: Тале Анѓелев Карески — македонски револуционер од ВМОРО. Личности починати во Ракле:

Љубица Богеска — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Панче Блажески — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Иселеништво Во 1900 година околу 30 семејства се иселиле во Прилеп.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп