Стјуарт Алистер Холден (роден на 1 август 1985) — американски фудбалер со шкотско потекло кој во моментов игра како играч од средниот ред за Болтон во англиската Чемпионшип лига.
Холден ја претставувал селекцијата на САД во категориите до 20, до 23 години и во сениорскиот тим. Тој го направи своето сениорско деби во јули 2009 година против Гренада и го постигнал својот прв гол токму на тој натпревар. Тој беше дел од тимот на САД на Летните олимписки игри 2008, Голд Купот 2009 како и Светското првенство 2010 година. Од неговото деби до сега, Холден играл 17 пати во сениорската репрезентација и постигнал два гола.
Тој е син на шкотски родители и е по потекло од Белшил, Холден имал британско државјанство до својот 21 роденден, кога тој се откажал и земал американско државјанство, со што стекнува право да ја претставуваат селекцијата на САД во сениорско ниво.
Титули Хјустон МЛС Куп (2) : 2006, 2007
Надворешни врски MLS player profile Профил на Стјуарт Холден на soccerway
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во МЛС Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Хјустон Дајнамо Категорија:Фудбалери на ФК Болтон Вондерерс
