Златари — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба Златари — село во областа Преспа. Од градот Ресен е оддалечено 5 км. Соседни села се Кривени од север, од североисток со Смилево, од југоисток со Сопотско, и од југ и југозапад со Ресен и Јанковец.
Историја мини|лево|200п|Куќата во која бил одржан состанокот на баталјонот „Мирче Ацев“. Во XIX век селото било дел од Битолската Каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство. Во 1903 година, комити од Златари имаат загинато во борби против османлиската војска.
На 6 јули 1942 година, над Златари, на планината Бигла бил создаден партизанскиот одред „Даме Груев“. Жители на Златари кои учествувале во НОБ се Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко (1920-1943) и Наум Веслиевски - Овчарот. На 2 декември 1943 година, во Златари, баталјонот „Мирче Ацев“ одржал политички состанок.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Златари живееле 370 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Златари имало 432 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Златари се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 72 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 100 Турци.
Селото имало 290 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 124 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 118 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци и 3 лица без податоци.
Родови
Златари е македонско село.
Родови во селото се: Видановци (Стојановци), Гајтановци, Головодовци, Митевци, Недановци, Нечовци (Нелковци), Поповци, Пупалевци, Павловци и Тозиовци.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Староседелци: Поповци (7 к.), Головодовци (5 к.) и Гајтановци (3 к.) Доселеници: Митевци со Тозиовци (14 к.) доселени се од некое село во Охридско (некои велат од Лактиње во Дебрца); Недановци (11 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Нечовци и Нелковци (18 к.) исто така доселени се од селото Боиште; Пупачевци и Манговци (12 к.) доселени се од маалото Баир во Битола.
Општествени установи мини|десно|200п|Училиштето. ПОУ „Мите Богоевски“ - вонфункционално основно училиште
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.
Културни и природни знаменитости мини|десно|200п|Црквата „Св. Димитриј“. Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква; Црква „Св. Никола“; Црква „Св. Атанасиј“;
Спомен обележја Спомен куќа на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ Спомен плоча на состанокот на баталјонот „Мирче Ацев“ во Златари Спомен чешма во чест на Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко Бисти на Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко и Наум Веслиевски - Овчарот Споменик посветен на паднатите месни комити во 1903 година
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Слатина — населба од доцноантичко време; Далечна Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
Личности
Крсте Ангеловски — македонски револуционер од ВМОРО. Андрија Трајчев Гајтановски — македонски револуционер од ВМОРО. Никола Нонев Доковски — македонски револуционер од ВМОРО. Нанчо Минцев Котев — македонски револуционер од ВМОРО. Георги Митрев Недановски — македонски револуционер од ВМОРО. Јован Трајчев Поповски — македонски револуционер од ВМОРО. Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко (1920-1943) - учесник во НОБ Наум Веслиевски - Овчарот (1921-1972) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ и АСНОМ Трајанка Ташкова Веслиевска (1926-) — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт ФК Златари
Иселеништво До 1949 година од селото има иселеници во Јужна и Северна Америка (осум семејства), Бугарија (две семејства), Ресен (четири семејства), Скопје (едно семејство), Битола (едно семејство) и во Турција (едно семејство).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Ресенски села Категорија:Села во Општина Ресен