Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“ била воена единица на НОВ и ПОМ формирана во Софија од Македонци во Бугарската армија и од доброволци од македонската емиграција во Бугарија, главно студенти и ученици која делувала во периодот од септември 1944 до октомври 1944 година.

Формирање Во текот на формирањето на бригадата во Софија пристигнале командантот на ГШ на НОВ и ПОМ Михајло Апостолски, политичкиот комесар Бане Андреев - Ронката, и делегатот на ЦК КПЈ и ВШ на НОВЈ Светозар Вукмановиќ - Темпо.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​140-141 Се издвоиле две гледишта, според едното бригадата да остане под команда на бугарското воено раководство, и според второт гледиште, бригадата да биде опремена и упатена во Македонија каде нејзините борци ќе бидат распределени во македонските единици од составот на 50 и 51 дивизија. Поради оваа несогласица, споро течело формирањето и испраќањето на боречкиот состав на бригадата во Македонија.

Командат на бригадата бил Пецо Трајков, а политички комесар Мире Анастасов. Бригадата броела околу 4.600 борци и веднаш по формирањето баталјон по баталјон била упатувана во Македонија. На 30 септември 1944 година за Македонија заминал првиот баталјон на оваа бригада, а вториот баталјон на 7 октомври 1944 се присоединил кон единиците на НОВ и ПОМ на планината Плачковица.

По кратко време била расформирана, а постојните борци биле прерасподелени во 19., 20. и 21. македонска народоноослободителна бригада, кои дејствувале во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион,„Билтен на ВШ на НОВ и ПОЈ“, IV, 46-47, Положај, ноември-декември 1944. при што 19. македонска бригада го презела името „Гоце Делчев“.

Литература

Полковник Пецо Трајков, Национализмот на скопските раководители, Софија, 1949 Михаило Апостолски, Завршните операции на НОВ за ослободување на Македонија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1953 Македонија од устанка до слободе 1941-1945. (Зборник радова), Београд, 1987. Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944-1945, ИНИ, Скопје, 1999, 140-141.

Наводи

Категорија:Бригади на НОВМ