Алфред Џозеф Хичкок (Sir Alfred Joseph Hitchcock; Лентонстаун, 13 август 1899 — Лос Анџелес, 29 април 1980) — британски филмски режисер познат по жанрот „трилер“.

Животопис

Творештво Под влијание на експресионизмот од Германија, Хичкок започнал да режира во Англија, а од 1939 година работел во САД. Неговиот прв филм е „Бројот 13“ (Number 13), кој останал недовршен, а последниот филм „Семејна завера“ го снимил во 1976 година.HRT (пристапено на 30.9.2018) Тој е еден од најпознатите и најпопуларните режисери на сите времиња. Неговите иновации и визии влијаеле врз голем број режисери, продуценти и глумци. Хичкок снимила вкупно 67 филмови од кои најпознати се: „Психо“, „Вртоглавица“, „Птици“, „Ребека“, „Озлогласената“, „Човекот кој знаеше премногу“, итн. Во 1995 година, во анкетата на повеќе филмски критичари, Хичкок бил прогласен за најдобриот режисер на 20. век, а во 2005 година била прогласен за најдобар режисер на сите времиња. Наспроти тоа, тој никогаш не ја добил наградата „Оскар“, ниту за животно дело, а само пет негови филмови биле номинирани за оваа награда.

Филмографија „Млади и невини“ (1937)Rotten Tomatoes - Young and Innocent (1938)Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 18. „Ребека“ (1940) „Маѓепсан“ (1945) „Озлогласена“ (1946) „Заден прозорец“ (1954) „Фатете го крадецот“ (1955) „Човекот кој знаеше премногу“ (1956) „Вертиго“ (1958) „Север-Северозапад“ (1959)IMBd, North by Northwest (1959), Awards (пристапено на 18.4.2017) „Психо“ (1960) „Птици“ (1963) „Марни“ (1964) „Топаз“ (1969) „Разбеснетост“ (1972) „Семеен заговор“ (1976)

Наводи

Категорија:Англиски режисери Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Починати во 1980 година Категорија:Витези-заповедници на Редот на Британската Империја