Држилово — село во Општина Сопиште. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 362 жители. Дел од Македонците муслимани, поради политичко-религиски причини, се изјасниле како Турци.
Географија и местоположба Селото е дел од областа Торбешија и се наоѓа во западното подножје на Караџица.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 41 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 132 мажи муслимани, со 14 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 292 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 214 жители.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 300 жители муслимани (Македонци).Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 650 Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 362 жители, од кои 115 Македонци, 242 Турци и 5 други.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 421 жител, од кои 1 Албанец, 414 Турци, 3 останати и 3 лица без податоци.
Родови
Држилово е торбешко село. Според истражувањата од 1950 година родови во селото се:
Доселеници: Балевци (8 к.), Љутвиовци (3 к.), Сејфовци (8 к.), Арифовци (4 к.), Суљовци (2 к.), Беадиновци (3 к.), Далиповци (2 к.), Јајовци (13 к.), Бејтовци (6 к.), Сеферовци (1 к.), Јакуповци (1 к.), Љатифовци (1 к.), Бајрамовци (10 к.), Асановци (16 к.), Салиовци (8 к.), Аметовци (4 к.), Таир (1 к.), Адемовци (3 к.), Исаковци (4 к.) и Алиловци (3 к.) сите наведени родови потекнуваат од четири семејства кои се доселиле во втората половина на XVIII век од мијачкото-торбешко село Жировница; Оџевци (7 к.) потекнуваат од предокот Џафер кој бил Албанец и живеел во Скопје. Он дошол во средината на XIX век, по повик на селаните да им биде Оџа.
Иселеништво До 1950 година од селото се иселиле 30 семејства во Скопје, и 40 семејства во Турција, каде се населени во Измир и околината на Измир. и после тоа има иселување претежно во тие два правца.
Поврзано Торбешија Општина Сопиште Сопиште
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Држилово на Карти на Гугл