Власиќи — раселено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено на источниот брег на Дебарското Езеро. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 590 метри.
До селото води локален земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249, кој како асфалтиран води до селото Голем Папрадник.
Историја
Името на селото потекнува од времето на миграцискиот бран на доселување на Власи од Албанија во Дебарско кон крајот на XVII век. Покрај Власиќи, од Власите е основано и маалото Влаовци во селото Рајчица.
Денес, селото е иселено и последните жители го напуштиле истото пред 1953 година.
Стопанство
Атарот на селото е всушност дел од поголемиот атар на селото Голем Папрадник, па затоа за Власиќи нема издвоени податоци.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 7 домаќинства со 55 жители муслимани (Македонци) и 10 христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Власиќи имало 65 жители, сите Македонци, од кои 10 православни и 55 муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
Селото е раселено уште пред 1953 година.
Според пописите од 2002 годинаПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X и од 2021 година, селото немало жители.
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Поглед на месноста на некогашното село и Дебарското Езеро
Кон крајот на век, Власиќи било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци. Во овој период, селото било дел од селото Голем Папрадник.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0557 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Оџовци.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 224 гласачи.
Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа Категорија:Раселени села во Македонија