Новак — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Потекло и значење на името
Името на селото првпат е забележано како Новак село во век (1583 г.). Името на селото всушност доаѓа од Новаци, а Новак го користат Турците бидејќи во својот јазик го немаат гласот „ц“. Може да доаѓа од личното име Новак, или пак од новак со значење новодојден.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено под југозападната падина на планината Стогово. Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 22 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 2249.
Историја Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 628 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 115 хектари, а на шумите само 9 хектари.
Селото, во основа, има главно полјоделско-сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 150 домаќинства со 280 жители муслимани (Турци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новак живееле 600 жители, сите Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
Афанасиј Селишчев го означил Новак како мешано македонско-албанско село на својата етничка карта на Северозападна Македонија од 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.
Според пописот на населението во Албанија од 1942 година, во Новак живееле 643 муслимански Албанци.
Во 1961 година, селото броело 537 жители, турско население, додека во 1994 година бројот значително се зголемил и тогаш селото броело 949 жители, исто така, турско население.
Според пописот од 2002 година, селото Новак броело 1.006 жители, од кои 1.003 Турци и 3 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 751 жител, од кои 703 Турци, 3 останати и 45 лица без податоци.
Родови
Новак е турско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се: Стари доселеници: Шемшилер (9 к.), Сулолар (3 к.), Арифлар (5 к.), Науфлар (3 к.), Реџеплер (6 к.), Аболар (5 к.), Муртолар (5 к.), Асанлар (12 к.), Перзилер (2 к.), Иљазлар (4 к.), Ајдарлар (8 к.), Исалар (2 к.), Џеладинлар (3 к.), Муратлар (4 к.), Умерлер (5 к.), Арсанлар (5 к.), Беќирлер (6 к.), Селманлар (6 к.), Алилар (2 к.), Меметлер (7 к.), Аметлер (7 к.), Емролар (6 к.), Арсланлар (5 к.), Алилар (6 к.), Амзалар (7 к.), Фератлар (5 к.), Љабурлар (4 к.) и Мустафалар (5 к.).
Иселеништво
Турски иселеници од селото до 1954 година има во Ресен, и во Турција (околу 30 семејства), во градовите Адапазар, Истанбул, Бергама, Измир, Мелемен и Одрин.
Општествени установи
Основно училиште „Неџати Зекерија“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Неџати Зекерија“ - Коџаџик
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Селската џамија
Кон крајот на век, Новак било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0569 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.057 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.124 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Џамии Џамија — главна селска џамија
Галерија
Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа