Крајници — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во централна Македонија.

Историја Во XIX век Крајници било село во Велешката Каза на Отоманското Царство. Црквата „Св. Никола“ е од XIX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крајници (Craïnitzi) било село со 56 домаќинства и 260 жители, сите Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Крајница (Крайница) имало 600 жители, сите Македонци христијани.

На почетокот на XX век селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. Според статистиката егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крајници (Kraïnitzi) живееле 720 Македонци, сите под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.

Во учебната 1912/1913 година учител во селото бил Владимир Поптодоров.

Во Првата балканска војна 23 лица од селото биле борци во Македонско-одринските доброволни чети.

На етничкат акарта карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Крајници (Krajnici) како македонско христијанско село.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Стопанство

Население

Во 2002 година во селото живееле 16 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови

Крајници е македонско село.

Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:

Староседелци: Бошковци (5 к.), Славевци (7 к.) и Јанкуловци (3 к.) порано живееле во раселеното село Бафтинци, кое се наоѓало во атарот на селото Крајници. Во родот Бошковци се знае следното родословие: Милјан (жив на 72 г. периодот 1966-67) Ристо-Недо-Манасија-Бошко-Мише-Костадин, кој дошол во Крајници средината на XVIII век. Доселеници: Петревци (5 к.) доселени се од некое село во Дебарско, го знаат следното родословие: Борис (жив на 70 г. периодот 1966-67) Јован-Митре-Анѓеле-Петре, кој се доселил во селото; Шијаковци (8 к.) за нив се претпоставува дека се доселени од Шијак во Албанија; Карадоламци (1 к.) доселени се од раселеното село Припор, подалечно потекло од селото Црнилиште, Прилепско; Зајковци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Скачинци; Арсевци (1 к.) доселени се од селото Никодин, Тиквешко/Прилепско; Егејци (2 к.) доселени се од Горно Родиво, Воденско.

Иселеништво Иселувањето се одвива за време на индустријализацијата на Македонија во почетокот на седумдессетите години на дваесеттиот век.Претежно мештаните од крајници се иселувале во Велес. Крајници не важи за иселеничко место за надвор од Македонија а малиот број на иселеници се претечно во западна европа најчесто во Германија.

Целосно се иселени следните родови: Трендевци, Ризовци, Кочовци и Караџовци. За Караџовци се збори дека биле доселени од селото Магарево, Битолско. Други иселеници се: Богоевци, Костовци и Крајничани. Првите два рода се иселени во селото Црквино, додека третиот род е иселен во Подлес и Скопје. Општествени установи Црква „Св. Никола“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2238 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од доцноантичко време Манастирче — некропола од средниот век Мрамор — населба од доцноантичко време Припор — населба од средниот век Сувак — некропола од римско време

Редовни настани

Личности Личности родени во Крајници:

Иван Петров, познат како Крајничанец — македонски преродбеник и фолклорист, како и еден од првите македонски фармацевти Павле Игновски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ Вера Миланова Иваноска — учесник во НОВ на Македонија Перса Милан Ковачевска — учесник во НОВ на Македонија

Култура и спорт

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Чашка Категорија:Раселени села во Македонија