Пролетниот гороцвет (науч. Adonis vernalis) — повеќегодишно цветно растение од то лутичиња (Ranunculaceae) што вирее на суви ливади и степи во Евроазија. Се среќава и во помали изолирани подрачја во Шпанија на запад до средна и јужна Европа и до Шведска на север. Главните области на распространетост се Панонската Низина и Западносибирската Низина.

За разлика од највеќето други европски видови на гороцвет, цветовите на ова растение се појавуваат на пролет, имаат пречник од 80 мм и по 20 светложолти ливчиња.

Растението е отровно бидејќи содржи соединенија погубни за срцето како адонидин и аконитна киселина, но се употребува како украсно растение.

Во Македонија Во Македонија растението е присутно само во околината на Куманово.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 114, МАНУ, Скопје, 1985

мини|лево|200п|Ботанички цртеж на пролетен гороцвет

Наводи

Надворешни врски

Пролетен гороцвет (Adonis vernalis) - TopWalks

Категорија:Лутичиња Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година