Конгоанскиот (Kikongo) е нигер-конгоански јазик, од групата на банту-јазици. Јазикот го зборуваат Конгоанците и Ндундуанците во ДР Конго, Република Конго и Ангола. Конгоанскиот е тонски јазик. Јазикот е база за китуба, креолски јазик и лингва франка за најголемиот дел на централна Африка. Овој јазик бил мајчин јазик на голем број робови кои биле испратени во Америка. Јазикот го зборуваат околу 7 милиони луѓе и уште два милиони луѓе како втор мајчин јазик.
Правопис
Денес јазикот нема стандардизиран правопис, па така има неколку правописни верзии кои се користат низ весниците, памфлетите и книгите.
Поврзано
Нигер-конгоански јазици Конгоанци ДР Конго Република Конго
Надворешни врски
Ethnologue за конгоанскиот Конгоанско-англиски речник Конгоанскиот на PanAfrican L10n
Категорија:Јазици во Ангола Категорија:Јазици во Република Конго Категорија:Јазици во Демократска Република Конго Категорија:Конгоански јазици