Гаел Бигиримана (роден на 22 Октомври, 1993 година) е фудбалер од Бурунди. Тој е играч од средниот ред кој игра за Њукасл Јунајтед.

Кариера Роден во Буџумбура, тој се преселил како бегалец од Бурунди со неговата мајка во 2004 година во Обединетото Кралство. Некое време поминал и живеејќи во Уганда. Тој е опишан како Есиен-тип на играч во средината на теренот, поради квалитетот на одземање на топката од противникот и силниот удар од далечина. тој дошол на проби во академијата на Ковентри Сити на возраст од 12 години и останал да тренира таму до својата 17 година кога потпишува професионален договор со клубот во летото 2011 година. Своето деби во првиот тим го има на 8 август 2011 играјќи ги сите 90 минути во поразот на гостувањето кај Лестер Сити. Тој одигра 26 натпревари за тимот истата сезона и иако најмлад од сите други играчи во клубот беше еден од клучните фудбалери на Ковентри кој накрајот од сезоната, сепак, испадна од Чемпионшип. На 6 јули 2012 Скај Спорт објавува дека Бигиримана потпишал за Њукасл Јунајтед за сума која се верува дека е помеѓу £500,000 и £1,000,000.

Своето деби во Премиер лигата Бигиримана го направи на 2 септември 2012 појавувајќи се како резерва во домашниот меч против Астон Вила и заменувајќи го повредениот Дани Симпсон.

Надворешни врски Гаел Бигиримана на soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Бурундски фудбалери Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1993 година