Агим Ибраими (албански: Agim Ibrahimi) (, Тетово, Југославија) — македонски фудбалер кој моментално е слободен агент.
Животопис Агим Ибраими е роден на 29 август 1988 година, во Тетово.
Клупска кариера Ибраими ја започнал својата кариера во екипата на Шкендија, во која станал професионалец во сезоната 2005-2006.
Toj бил избран за најдобар фудбалер на Македонија во 2012 година.
Во сезоната 2014-2015, со својот клуб Марибор, Ибраими се пласирал во групната фаза од Лигата на шампионите. На 5 ноември 2014 година, во натпреварот против Челзи, Ибраими го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, кој од гледачите на англискиот телевизиски канал „Скај спортс“ бил прогласен за најубав гол во четвртото коло од фазата по групи на натпреварувањето.„Ибраими со најубав гол во четвртата рунда“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 27. На крајот од сезоната, Ибраими влегол во идеалниот тим, а бил и еден од тројцата кандидати за најдобар фудбалер во Словенија.„Ибраими не ја доби трката за најдобар играч, но влезе во идеалниот тим на Словенија“, Дневник, година XIX, број 5766, петок, 15 мај 2015, стр. 24. Во декември 2015 година, голот што Ибраими го дал на натпреварот против Цеље во 14. коло на словенечката фудбалска лига бил прогласен на 77. место на списокот на 100 најубави голови во Европа во 2015 година.„Ибраими со гол меѓу 100. најубаво во 2015 година“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.
Репрезентативни настапи
Наводи
Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Тетово Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Фудбалери на ФК Олимпија Љубљана Категорија:Фудбалери на ФК Нафта Лендава Категорија:Фудбалери на ФК Шкендија Категорија:Фудбалери на ФК Салцбург Категорија:Фудбалери на ФК Марибор Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо