Франческо I Сфорца (—) — војвода од Милано и основач на династија Сфорца во Милано. Тој е познат како еден од најспособните војсководачи во периодот на италијанската ренесанса.
Животопис Франческо Сфорца е роден во Сан Минијато, Тоскана како еден од седумте незаконски синови на кондотиерот Муцио Атендоло Сфорца и Луција де Торсано. Во 1418 година се оженил со Полисена Руфо. Со својата војска, тој ѝ служел на династијата Висконти во борбата против Венецијанската Република при што наместо да му се спротивстави на непријателот, тој се спогодил со напаќачите и им дал територијални отстапки. Во 1432 година, тој се оженил со Бјанка Марија Висконти, единствената ќерка на владетелот на Милано, Филипо Марија Висконти, а со тоа на Франческо му биле доделени Понтремоли и Кремона. По смртта на војводата Висконти (во 1477 година), Франческо Сфорца стекнал власт над целата Ломбардија. Во 1433 година, Франческо Сфорца го предводел нападот против папските членки. Во 1450 година станал војвода на Милано, заедно со неговата сопруга.„Komentari“. Во: Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 117-118.
Наводи
Франческо Категорија:Војводи на Милано Категорија:Кондотиери Категорија:Витези на Подвеската Категорија:Италијанци од 15 век Категорија:Погребани во Миланската катедрала