2001 година, според грегоријанскиот календар е првата година од XXI век и од 3 милениум. Сепак, популарната култура често ја зема 2000 година како прва од новиот милениум.
Настани
јануари 1 јануари - Црн монолит висок приближно 2,7 метри се појавува над Магнусон Парк, Сиетл, поставен од страна на анонимен уметник како референца на книгата/филмот Одисеја 2001. 6 јануари - Конгресот на САД ја потврдува победата на Џорџ В. Буш на претседателските избори од 2000. 15 јануари - Википедија е пуштена во употреба. 22 јануари - Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово. февруари 12 февруари - Први вооружени пресметки меѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА, што се смета како датум на почеток на воената криза во Македонија. март 4 март - Тројца македонски војници се убиени во близина на северната граница. 22 март - Претседателот Борис Трајковски најавува жестока акција против припадниците на ОНА. Македонските безбедносни сили започнуваат офанзива во регионот на Тетово. 23 март - Руската вселенска станица Мир влегува во атмосферата во близина на Нади, Фиџи, и паѓа во Тихиот Океан. април 28 април - Кај Вејце, Тетовско, се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја. 1 април - Слободан Милошевиќ им се предава на српските безбедносни сили. 1 април - Холандија станува првата земја во светот што ги легализира браковите на партнери од ист пол. мај 1 мај - Како реакција на масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми. 13 мај - Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП. Премиер е Љубчо Георгиевски. 28 мај - Во Хрватска е основана првата приватна телевизија, Нова ТВ. јуни 8 јуни - Припадниците на ОНА воспоставуваат контрола врз скопското село Арачиново. 12 јуни - Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, како морален чин, сочувствувајќи со огромната загуба на млади животи во Армијата. 24 јуни - Припадниците на ОНА се повлекуваат од Арачиново под заштита на силите на НАТО. јули
август 7 август - Македонските безбедносни сили, во вооружена пресметка, ликвидираат петмина осомничени албански терористи во Скопје. 8 август - Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот на албанските терористи врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово. 13 август - Потпишан е Охридскиот рамковен договор, со што е ставен крај на воената криза во Република Македонија. септември 11 септември - Извршени се терористички напади во Њујорк, Вашингтон, Вирџинија и Пенсилванија од страна на терористичката организација Ал-Каеда. октомври 7 октомври - Со напад на САД и Британија врз Авганистан започнува Авганистанската војна. ноември 10 ноември - Кина е примена во СТО по 15-годишни преговори. 15 ноември - Прогласени се Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор. 16 ноември - Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето. 20 ноември - Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа. 21 ноември - СДСМ и ЛДП ја напуштија широката владина коалиција, предводена од Љубчо Георгиевски. 21 ноември - Хашкиот трибунал официјално отвори две истраги за воени злосторства сторени за време на вооружениот конфликт во Македонија. 30 ноември - Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски. декември
12 декември - Демократска алтернатива стана вон-парламентарна партија, откако сите пет пратеници на пратеничката група ја напуштија партијата и решија да настапуваат како независни пратеници. 13 декември - Македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров, му ги предаде во Вашингтон акредитивните писма на американскиот претседател, Џорџ Буш.
Родени
Починале
12 март - Роберт Ладлам, писател на шпионски романи (роден 1927) 11 мај - Даглас Адамс, англиски писател (роден 1952) 12 јули - Јован Котески, македонски поет 21 јули - Крсте Црвенковски, македонски политичар 29 ноември - Џорџ Харисон, поранешен гитарист на The Beatles 20 декември - Леополд Сенгор, сенегалски поет и претседател
Поврзано Календарот за таа година
Надворешни врски
02001