Мрзен Ораовец — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Потекло и значење на името

За името, мештаните кажуваат дека доаѓа оттаму што селото „на години сето измрзнува“, а долж долината на Орашје се одгледуваат „ораи“ (ореви) од најстари времиња.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Воздушен поглед на кој се забележуваат многуте срушени и урнати селски куќи

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Росоман, но според својата местоположба му припаѓа и на сливот на реката Бабуна, бидејќи нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Чашка. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 570 метри. Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 20 километри западно од Кавадарци и 7 километри југозападно од општинскиот центар Росоман.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3 и поминува најпрвин низ селото Камен Дол.

Селото се наоѓа во изворишниот дел на Орашје, на пространа површина под источното подножје на Руен. Водата за пиење доаѓала од Селската Чешма и Пеливор.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Соко-Глава, Ѓаве, Седло, Скрка, Тиса, Црна Пештера, Пропас, Коскар, Јанкулови Нивја, Ников Камен, Кукорец, Даб, Две Жени, Црван Шума, Вардите, Виногради, Орашје, Целивора, Рашовеца, Кауѓера, Жуте Воде, Думових Вирова и Водици.

Селото има збиен тип со разредени краеви. На левата (присојна) страна од долината се наоѓа Бошковско (Долно) и Ничовско (Наднат) Маало, а на десната Чочановско (Спротивно) и Јуруковско Маало. Помеѓу нив се наоѓа Сретсело со чешмата, во минатото таму имало и дуќани.

Историја

Подрачјето на Мрзен Ораовец е населено уште од древномакедонско време, за што сведочат остатоците од утврдената населба Падарница на 2 км југоисточно од селото.

Во селото е пронајден Тиквешкиот зборник, ракописен текст од XVI век.

Стопанство

Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 24,5 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 2.273 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 178 хектари, додека шумско земјиште нема.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Мештаните се занимавале со земјоделство и сточарство. До средината на век биле чифлигари за беговите од Кавадарци и Сирково.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мрзен Ораовец живееле 620 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мрзен Ораовец имало 480 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Мрзен Ораовец е мало село, речиси во фаза на раселување, бидејќи селото во 1961 година броело 301 жител, од кои 288 биле Македонци, петмина Албанци, четворица Срби и тројца жители неопределени, а во 1994 година само 14 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Според пописот од 2021 година, во селото живееле само 2 жители, сите Македонци.

Родови

Мрзен Ораовец е македонско село.

Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови: Староседелци: Ничовци (7 к.), Ицовци (1 к.), Илевци-Чашковци (2 к.), Пашевци (1 к.), Мишевци-Здравевци (4 к.) и Трљичовци (1 к.). Доселеници: Чочановци (6 к.), Арбовци (2 к.), Ќимовци-Бошковци (9 к.), Миновци (9 к.), Антовци (11 к.) и Тасевци (10 к.), сите овие родови се доселени во XVIII век од раселеното блиско село Даб (некогашен чифлиг, кој постоел до крајот на век). Само на родовите Антовци и Тасевци подалечното потекло им е од Дебарско; Анѓушовци (1 к.), доселени се на крајот на XVIII век од околината на Призрен во Косово; Димовци (9 к.), доселени се во XVIII век од селото Радња; Јуруковци (2 к.), доселени се од јуручкиот предел кај Радовиш, од преку Вардар; Ордановци-Анѓелмевци (7 к.) и Симуновци (3 к.), доселени се од селото Житолуп во 1834 година; Сеџовци (1 к.), доселени се од селото Возарци во 1850 година; Мурговци-Мантевци (4 к.), доселени се од селото Сирково околу 1860 година и Филиповци (1 к.), доселени се во 1886 година од селото Сирково.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Мрзен Ораовец било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Градско.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Мрзен Ораовец се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебриште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Сирково, во која влегувале селата Камен Дол, Мрзен Ораовец и Сирково.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0718 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Камен Дол. Во ова избирачко место е опфатено и селото Камен Дол.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Баток — населба од римско време; Марков Стап — рудник за мермер од римско и доцноантичко време; Падарница — утврдена населба од хеленистичко и римско време; и Св. Илија — населба и некропола од доцноантичко време.

Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, од XVI или XVII век; и Црква „Св. Кузман и Дамјан“ — нова помала селска црква.

Редовни настани

Слави Илинден — главна селска слава. Личности

Родени во Мрзен Ораовец Стојан Антов (1884-1921) — револуционер Лазо Колевски (1918-1942) — партизан Зора Костова Бошкова (1923- ) — учесник во НОВ на Македонија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Росоман Категорија:Села со слава Илинден во Македонија