Роман () — град во северозападниот дел на Бугарија, во Врачанската област. Градот е административен центар на општина Роман. Има население од околу 2.668 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија Градот е сместен непосредно до влева на реката Мали Искар во реката Искар. Отстои на 42 километри источно од регионалниот центар град Враца и на 29 километри источно од градот Мездра.
Историја За првпат Роман е споменат во отомански даночен регистар од 1430 г. Името на градот доаѓа од средновековна римска тврдина, денес таа е скоро уништена.
Од 1897 г. има станица на железничката пруга Софија - Варна. Центар е на општината Роман од нејзиното основање на 1 август 1934 г. Има статус на град од 4 септември 1974 г.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Роман Радио и телевизија во Роман
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Враца