Вовед
Истражувањето на кнжевските некрополи во Атеница кај Чачак започнале во 1958 год на наоѓалиштето наречено Умак на десниот бег на западна Морава, на самиот излез од Овчарско Кабларската Клисура. Во наоѓалиштето се пронајдени две големи гробници, кој биле покриени со наноси на зарамнета површина. Овие гробници имале слична конструкција,централниот гроб е ист како и другите кнежевски гробови а конструкцијата му била од кршени камења,а во внатешноста на гробот се пронајдени разновидни гробни прилози како и во Нови Пазар,пронајдоците биле многу богати од злата,стребро,килибар одбработени коски стаклени пасти,бронзи,железо и керамика а потоа нешто луксузнен грчки увоз и што е многу важно остатоци од кола и опрема.На основа на податоците до кој е стигнато ископувајќи и анализирајќи од пронајдениот археолошки материјал М.Џ и Б.Ј Кнежевските гробови од Атеница датирале од крајот на VI и почетокот на V век п.н.е.Што значи прилично во ист период со наодите од Нови Пазар без оглед на географската положба на Атеница и на врските кој на долината на западна Морава, Ибар и Голeма Морава воделе кон југ односно кон север,наоѓалиштето очигледно се наоѓало на самата раскрсница на важните патишта помеѓу Гласиначките култните груби и културате на западна Србија. Првите извештаи од искуопувањата на гробоците во Атеница биле објавени почнувајќи од 1959 г.
Кнежевски погребувања во Атеница Гробна конструкција I
2.1.1Централен Гроб мини|десно|200п|Приврзоци во облик на пчела од централниот гроб на гробницата 1Во централниот гроб на гробницата еден во Атеница каде покрај кремираниот покојник не е пронајдено оружје туку само изобилство од личниот накит делови од бронзените садови и фрагметни од двоколка.Личните предмети биле измешани, од златниот накит прoнајден е ѓердан од локално производство со златни чевчиња со спирални орнаменти и со биконична монистра од златен лим. Парелите на тој ѓердан се наоѓале на доста широки балкански подрачја како што се во Сремска Митровица,Компоља,и во Стични самиот карактер на ѓерданот укажуваат на долга ахтотона традиција и поддржувања на Грчките примери и модели, тука се пронајдени 14 златни приврзоци (Монисти) во облик на пчела кој се пронајдени само тука и на ниедно друго место на централен Bалкан а кој типолошки се поврзани со скитското злато од наодите во Олтенија во црно морското приморје и многу посигурни за повеќе распростанети слични апликации во културите на источното средоземие.
Пчелата е како симбол на плодност и чесност забележана на многу страни, посебно во Грција и Мала Азија така да не е сосема исклучено дека има некое слично својство можело да има и кај варварските племиња кај кој истото значење можеле да потекнува од балканскиот југ од каде несомнено потекнале античкит пчели. Тие пронајдоци одат во прилог на претпоставка дека во централниот гроб во Атеничката Гробница еден била погребана некоја жена од угледен род. Покрај кој се приложени гробни дарови кој немаат воен карактер и на кој приврзоци во облик на пчела можеле да окарактеризираат белези на мајчинство,плодност,власт мудрост.
мини|лево|200п|Примерок од килибарен герданОд друга страна страна се чини дека сигурно дека пчелата во Атеница имала и хтонска симболичност,како и претстава на пчела на една од златните маски од Требениште и на многу други наоди од широките средоземни подрачја. Во истиот гроб најдени се исто така и троаглести и ромбоидни златни приврзоци кој со својот орнамент многу сигурно можат да се приклучат во широките Илирски културни кругови. Занимливо е дека со сличен модел од златниот накит од централниот гроб од гробницата I и се повторува и во сребро. Сребрените чевчиња кој се најдени покрај златните, сигурно припаѓале на ѓерданот но по изработката биле од различен тип, мазни од сребрен лим и спирални свиткани среберени жици. Троаглестите приврзоци од сребрениот лим исто така се двослојни : Едните се украсени врежани со концентрични триагли додека другите на ист начин како златните – Орнаментираните шрафирани ромбови. Од гледиште проучувањето на гробните односи во средно балканските племиња на старото железно доба и во реконструкцијата од некои облици од нивната духовна култура, покрај тоа може да биде и значаен податокот дека припадниците таканаречени племенски аристократи барале и носеле истоветни или слични модели на личниот накит од злато и сребро и дека двата благородни метали биле високо ценети не само при истакнување на богатство и моќ туку и по одбработката. Во Атеничката гробница I исто така значајни и занимливи пронајдоци на личниот накит се килибарските ѓердани.
Како што е поистоветено на разни аналитички и каталошки студии,килибарот бил многу распространет гробен накит во многу некрополи на бронзеното и железното доба во Европа и средоземјето.
Предметите и ѓерданите од килибар пронајдени се и во гробови на различен тип и на оддалечените простори,па со доста сигурност можеме да говориме од повеќестука секуларна и културна функција на килибарот помеѓу припадниците на праисториските друштвени заедници, посебно кај моќните и угледни слоеви на племенските старешени и воените старешини или нивните сродници и соработници.Килибарот од периодот на старото железно доба во Европа потекнувало претежно од два извора-од Балтик и Сицилија од каде веќе воспоставените трговски патишта се ширел низ цела Евроопа како многу баран и ценет личен накит и несомнен знак на богатство и апотропејска моќ. За нас е посебно се занимливи пронаоѓалиштата на килибар во Подунавските области во Романија, од каде на централното подрачје на балканот необработени и груби аморфни форми. До килибарот можело да се допре полесно и побрзо од поддалечните краеви на северна Европа и средоземјето. Главните патишта на импортот на килибарот биле познаци уште во бронзеното доба каде средоземјето било поврзано со балканот со таканаречениот килибарски пат,кој се протегал од Јитланда до Пелопонез.Во Халштат веќе тој воспоставен пат е променет на исток и од источна пруска се спуштал кон југ кон Јадранското Море. Следејќи ја периферијата на Балканскиот Полуостров тој пат зафатил и од илирското населени и веројатно, Сава и Дунав, како нивните притоки Дрина и Морава и доаѓал во внатрешноста на балканот. Во кнежевските гробови се пронајдени најубавите примероци на килибарскиот накит. Можно е дури и да се претпостави дека среднобалканските Илирски племиња во периодот на старото железно доба посебно помеѓу VII и V век п.н.е било некоја врста на посредник во комуникацијата на трговијата со необработениот килибар со Грција и во истиот момент и сигурен купувач на одбработен килибарски накит. Од значително богатите кнежевски гробови,голема количина на килибар најдени се на целото балканско подрачје, посебно во некрополите стојат во врска со помалку богати кнежевски гробови. По поновите истражувања е заклучено килибарските пронајдоци од Атеница зборуваат во прилог на претпоставката всушност развиените врски од Балтичките килибарски извори и килибарските гробови на централниот балкан биле импортирани од јужноиталските области за разлика од килибарските предмети најдени Егеј во северниот јадран и во западните краеви во подножјето на Алпите каде што е констатиран килибар од Балтичко потекло. мини|лево|200п|Географска карта на патот на Килибарот
Покрај златните,србрените и килибарските ѓердани во централниот гроб на гробницата I во Атеница најдени се и делови на ѓердан од стакло. Најголемиот број на тие стаклтени монистри 138 на број биле на ист тип со зеленкатста боја и фина изработка, несомнено Грчко-Италско потекло. Исто такви мунистри пронајдени се и во Требеништа, на Гласинац, и Во Долната Долина во Компоље, како и ранотракиската некропола Равна, а исто така и во самата Грција. Помал број повеќебројни монистри од стаклена паста на еднаков цилиндичен и троаглест облик припаѓал со сигурност на истиот импорт, кој иначе бил доста распостранет како во географска така и фо хронолошка смисла. Од украсите на облеката во централниот гроб на гробницата еден пронајдено е и помалку значајни предмети од личниот накит, во недостаток на игли, тука на прво место доаѓа сребрената лачна фибула со четвртеста нога со копчести крај,каква што е пронајдена и во другите гробови во истиот хоризонт, и не само во кнежевските како во Нови Пазар туку и во скромните гробните гробови на помалку пространите балкански и подунавски подрачја. Надвор од секое сомневање станува збор за една доста вообичаен тип на фибула кој бил во доста широка употреба и кој се изработувал како благороден материјал и тоа повеќе од сребро па и од бронза.