Споменик на Питу Гули ― бронзен споменик кој е посветен на револуционерот Питу Гули, поставен во паркот „Жена борец“ спроти Собранието на Република Македонија. Споменикот на Питу Гули е поставен на постамент, спроти Споменикот на Никола Карев. Споменикот бил поставен како дел од проектот Скопје 2014.

Историја Поставувањето на спомен-обележјето на Питу Гули, било на иницијатива на Министерството за култура, одобрена од советниците на Општина Центар, во октомври 2010 година. На конкурсот за идејно решение, изведбата на овој споменик ѝ била доделена на Кристина Пауновска. Споменикот вредел 118 илјади евра и бил излеан во белградската леарница „Јеремиќ“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Македонски дела од 2012 година