Нојхаус на Ренвег () — мал град во округот Зонеберг во сојузната покраина Тирингија, Германија. Сместен е во подрачјето на Тириншката Шума, 17 км северно од окружниот град Зонеберг и 22 км југозападно од градот Залфелд.
Поранешните општини Лихте и Пизау биле припоени во градот во јануари 2019 година.
Географија Местоположба
Градот се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини, непосредно на Ренштајг. Нојхаус е едно од највисоките места во Тирингија. Бидејќи Нојхаус бил окружен град, важел за највисок окружен град во Источна Германија.
Соседни општини
Градот се граничи со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Мојра, Залфелд, Грефентал, Зонеберг, Лауша, Штајнах, Франкенблик, Шалкау, Ајсфелд, Голдистал, Кацхите, Курсдорф и Десбах.
Градски единици
Согласно статутот на градот Нојхаус на Ренвег од 14 март 2019 година, градот Нојхаус на Ренвег се состои од следниве осум единици: Нојхаус на Ренвег, Штајнхајд, Лимбах, Нојмансгрунд, Шајбе-Алсбах, Зигмундсбург, Лихте и Пизау.
Местото Нојхаус на Ренвег се состои од Нојхаус, Игелсхиб и Шмаленбухе, Шајбе-Алсбах од Шајбе и Алсбах, Лихте од Лихте, Бок и Тајх, Валендорф и Гајерстал. Сите други единици немаат своја поделба.
Клима
Климата во Нојхаус е многу остра со многу снег зиме и студени влажни лета. Местото во мај 1996 година со 242 часа (десет дена) го држи германскиот рекорд со најдолг маглив период.
Политика Градски совет
Градскиот совет Нојхаус на Ренвег се состои од 20 членови.
Партија Места CDU 7 (+1) LINKE 5 (−3) AfD 3 (+3) Слободни гласачиРенштајг 3 (−1) FDP 1 (±0) SPD 1 (±0)
Градоначалник
Градоначалник на градот Нојхаус на Ренвег е Уве Шелер, избран на 29 април 2018 година.
Збратимени градови
Нојхаус на Ренвег е збратимен со следниве градови: Диценбах, Германија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Зонеберг (округ)