Еротскиот музеј „Беате Узе“ (герм. Beate Uhse Erotik-Museum) е еротски музеј во подрачјето Шарлотенбург во градот Берлин, Германија.
Отворен е во 1996 г. близу Берлинската зоолошка градина од страна на акрибатската пилотка и претприемач Беате Узе која во 1962 го отворила првиот секс-шоп во светот. Музејските поставки се состојат од азиски и европски дела од еротската уметност, вклучувајќи неколку литографии од Хајнрих Циле и рани порнографски филмови.
Се смета дека ова е најголемиот еротски музеј во светот.
Поврзано Список на музеи и галерии во Берлин
Надворешни врски
Информации за музејот на порталот на Берлин
Слики
Категорија:Музеи во Берлин Категорија:Еротски музеи