Јани Макрадули (роден на во Битола) — македонски политичар.
Основно образование завршил во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, а средно образование во СУ „Раде Јовчевски Корчагин“. Завршил на Електротехничкиот факултет во Скопје, а последипломски студии во Белград и во 1994 година станал магистер.
По завршувањето, тој се вработил на Електротехничкиот факултет најпрвин како асистент, а од 2001 година станал шеф на лабораторијата при Институтот за компјутерска техника и информатика.
Својата политичка кариера ја започнал во 1996 година, кога станал член на Советот на Општина Центар од редовите на СДСМ. Во 2002 година, тој бил избран за пратеник. По промена на власта во 2008 година, тој станал потпретседател на Собранието на Република Македонија.
Во периодот од 1999 до 2006 година бил избран во ИО на СДСМ, а од 2006 до 2009 бил потпретседател на партијата. Во 2012 година од страна на партијата бил кандидиран за градоначалник на Скопје.
Наводи
Надворешни врски Јани Макрадули – Потпретседател на Собранието на Република Македонија
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Битола Категорија:Македонски Власи Категорија:Југословенски Власи Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет