Вртекица — село во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба Вртекица се наоѓа во областа Торбешија, во долниот слив на Маркова Река.

Историја Подрачјето на Вртекица е населено уште од доцната антика, за што сведочат остатоците од утврдена населба на наоѓалиштето Исар југоисточно од селото.

Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 38 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 125 мажи муслимани, со 20 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 292 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вртекица живееле 360 жители, сите Албанци муслимани.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 111 жители, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 90 жители, сите Албанци.

Родови

Вртекица е албанско село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

Доселеници: Мали Цок (15 к.) доселени се од северна Албанија. Овде живеат од втората половина на XVIII век; Дервише (25 к.) доселени се од северна Албанија; Кале или Шеелар (18 к.) доселени се од местото Чаје во Љума, северна Албанија. Го знаат следното родословие: Имер (жив на 48 г. во 1950 година) Шукри-Џемаил-Муарем-Дурмиш, кој се доселил; Дибран (12 к.) доселени се од околината на Пешкопеја (Долен Дебар) во северна Албанија. Овде живеат од почетокот на XIX век; Укалар (17 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓец (1 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија. Имаат роднини во селото Рамни Габер.

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво Околу 26 семејства се иселени во Скопје до 1950 година. Припаѓале на разни селски родови.

Поврзано Торбешија Општина Студеничани Студеничани

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Вртекица на Карти на Гугл