мини|десно|240п|Гефјон како го откорнува Зеланд од Шведска. Зеланд или Шеланд (дан. Sjælland) е најголемиот остров на Данска. Поврзан е со Фунен во Данска со Мостот преку Големиот Појас и со Шведска преку Амагер и со Ересундскиот мост.
Главниот град на Данска, Копенхаген, е делумно расположен на источниот брег на Зеланд, а делумно на Амагер. Други градови на островот се Роскилде и Хелсингер.
Митолошко потекло Според нордиската митологија, островот го создала божицата Гефјон откако го измамила кралот на Шведска, Гилфи, согласно преданието „Измамата на Гилфи“ (Gylfaginning). Таа откорнала парче земја и го одвела во Данска, каде било наречено Зеланд. Дупката се наполнила со вода, и така настанало езерото Меларен.Gefion, Den Store Danske Encyklopædi На современите карти се забележува сличноста помеѓу островот и езерото Венерн, па затоа некои сметаат дека приказната се однесува на ова место.
Географија Зеланд е најнаселениот остров на Данска, со вкупно 2.491.090 жители и, со површина од 7.031 км2, втор по големина во кралството, по Гренланд. Островот е поврзан со Фунен со мостот преку Големиот Појас и од покраината Сканија во Шведска со Ересундскиот мост. Има неправилен облик, и сместен е северно од островите Лоланд, Фалстер и Мен.
Населени места Ова е список на населени места на островот, подредени по број на жители.
Бр. Место Општина Population 1 Копенхаген повеќе 1.213.822 2 Роскилде Роскилде 47.828 3 Хелсингер Хелсингер 46.368 4 Херсхолм повеќе 45.865 5 Нествед Нествед 41.857 6 Кеге Кеге 35.295 7 Тоструп Хеје-Тоструп 32.719 8 Слагелсе Слагелсе 32.133 9 Хилерод Хилеред 30.570 10 Холбек Холбек 27.195 11 Рингстед Рингстед 21.412 12 Елстике-Стенлесе Егедал 20.984 13 Биркеред Рудерсдал 19.919 14 Молев-Смерумнедре повеќе 19.143 15 Фарум Фуресе 18.422 16 Калундборг Калундборг 16.303 17 Лилеред Алеред 15.795 18 Фредерикссунд Фредерикссунд 15.602 19 Сулред Странд Сулред 15.159 20 Корсер Сладелсе 14.538 21 Верлесе Фуресе 12.842 22 Фредериксверк Халснес 12.191 23 Драгер Драгер 11.683 24 Вордингборг Вордингборг 11.643 25 Хедехусене-Фленг Хеје Тоструп 11.345 26 Хаслев Факсе 11.201
Поврзано Зеланд (регион) Зеланд во Холандија Список на острови на Данска
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Острови во Данска Категорија:Престолнински регион (Данска) Категорија:Зеланд (регион)