Анџело Ди Ливио (роден на 26 јули 1966 во Рим) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија Анџело е во брак со Сабрина со која има син, Лоренцо, кој исто така е фудбалер.

Технички карактеристики За време на својот престој во , под водството на Марчело Липи, тој играл како мецала, бек или крилен напаѓач, и тоа најчесто по десната страна,. иако не малку пати бил користен и по левата страна додека во ја покривал позицијата на централен играч од средниот ред, играјќи во различни улоги.

Одличен во дефанзивна фаза на игра и обдарен со спринт, пожртвуваност и издржливост, тој бил познат како Il soldatino (превод на мак. малиот војник), прекар кој го добил од својот соиграч во и италијанската репрезентација, Роберто Баџо, поради неговиот карактеристичен начин на движење по теренот, напред-назад по крилната позиција.

Клупска кариера Почетоци Започнал да игра фудбал во Полиспортива Буфалота, клуб кој го носи своето име по истоимениот кварт во Рим, каде Ди Ливио пораснал. На возраст од петнаесет години, тој се приклучил на младинскиот тим на , со која го освоил Турнирот Вијареџо во 1983 година. Во сезоната 1984-1985, бил промовиран во првиот тим на Рома, но не добил шанса од тренерот Роберто Клаглуна да дебитира.

Откако не направил ниту еден официјален настап за Рома во сезоната, во следната тој бил позајмен на Реџана во Серија Ц1, каде ги одиграл својте први минути како професионалец завршувајќи го престојот таму со 13 настапи. Потоа, тој бил позајмен една сезона и во Ночерина во истата лига, каде го постигнал првиот гол во својата кариера. Во клубот тој играл заедно со Алдо Фирикано, кој подоцна му бил соиграч и во .

thumb|left|175px|Ди Ливио во дресот на во сезоната 1988-1989. Во летото 1987 година, Ди Ливио бил испратен на трета позајмица по ред, приклучувајќи и се на со која се натпреварувал во Серија Ц2. Веќе во првата сезона тој заедно со уште еден голем талент во тоа време Фабрицио Раванели (со кој подоцна ќе играат заедно и во Јувентус) помогнале да биде освоено првенството и Перуџа да избори промоција во Ц1. По завршувањето на сезоната, клубот од Умбрија го откупил Ди Ливио од Рома и тој останал во црвено-белите уште една цела сезона, пред да ја напушти Перуџа во октомври 1989 година кога во есенската трансфер-сесија се преселил во , во Серија Б.

Падова Дебитирал во втората италијанската лига на 22 октомври 1989, во натпреварот Падова-Анкона 1-2. Својот прв гол за Падова го постигнал на 10 декември 1989, во победата со 1-0 на гостувањето кај Катанцаро.

Тој одиграл 4 сезони во Падова, останувајќи во клубот од Венето до завршувањето на сезоната 1992-1993. Вкупно за клубот одиграл 138 првенствени натпревари и постигнал 13 голови.

Јувентус По долги години играње во помали клубови, во летото 1993 година Ди Ливио заедно со соиграчот од Падова, Алесандро Дел Пјеро, потпишале за еден од најсилните италијански клубови воден од тренерот Џовани Трапатони. Трансферот на Ди Ливио изнесувал 4 милијарди италијански лири.

Своето деби во Серија А го имал возраст од 27 години, на 5 септември 1993 година во гостинскиот натпревар против клубот во кој поникнал, , што завршил 2-1 за домаќините. Својот прв гол за бјанконерите го постигнал на 27 октомври, во поразот со 4-3 од Венеција во Купот на Италија, додека својот прв гол во лигата го постигнал на почетокот на неговата втора сезона во Јувентус, на 25 септември 1994 година, во победата со 1-0 на домашен терен над . Втората сезона во Торино под водството на новиот тренер Марчело Липи ја завршил со 27 настапи (1 гол) во Серија А и 9 настапи во Купот на Италија, помагајќи му на Јувентус да ја освои двојната круна: првенството и купот, што биле и првите два освоени трофеи во кариерата на Ди Ливио. Клубот исто така стигнал до финалето на Купот на УЕФА, каде биле поразени од друг италијански клуб со вкупен резултат 2-1 за млекарите. Ди Ливио играл и во двата финални натпревари.

Во сезоната 1995-1996, Ди Ливио го постигнал својот прв гол во европските натпревраувања, откако ја погодил мрежата на романската екипа Стеауа Букурешт во победата со 3-0 на Деле Алпи во групната фаза од Лигата на шампионите. Својот трет трофеј со Јувентус го освоил во Суперкупот на Италија по победата со 1-0 над Парма во Торино; тој се појавил во игра од клупата за резерви на местото на стрелецот на единствениот гол во овој натпревар Џанлука Вијали во 78-мата минута. И во текот на оваа сезона тој бил стандарен првотимец забележувајќи 44 настапи во сите натпреарувања. Јувентус не успеал да ги одбрани титулите во Серија А и Купот на Италија, но затоа ја освоиле својата втора титула во Лигата на шампионите, победувајќи го холандскиот во финалето одиграно во Рим по изведување на пенали со 4-2 откако во регуларниот тек на натпреварот и продолженијата резултатот бил нерешен 1-1. Ди Ливио влегол во игра во 57-мата минута од финалето на местото на Пауло Соуса, а после победата на Јувентус, тој се приклучил на мала група на играчи кои го освоиле ова престижно натпреварување во својот роден град; покрај Ди Ливио тоа го сториле уште Енрике Матеос и Мигел Муњос (Мадрид), Алекс Степни (Лондон), Никола Анелка (Париз) и Гарет Бејл (Кардиф).

thumb|right|Ди Ливио во дресот на Јувентус. Во следните две сезони, Ди Ливио освоил уште две скудета во Серија А и играл уште две финалиња во Лигата на шампионите, но за разлика од првото овие две финалиња биле со неповолен исход за неговиот Јувентус откако тие биле поразени со 3-1 од во Минхен (1997) и со 1-0 од во Амстердам (1998). Покрај тоа освоил уште еден Суперкуп на Италија победувајќи ја со 3-0, Суперкупот на УЕФА победувајќи го со вкупен резултат 9-2 и Интерконтиненталниот куп со победа над Ривер Плејт со 1-0; тој играл во сите тие натпревари.

Неговата последна сезона во дресот на Јувентус била сезоната 1998-1999, во која клубот доживеал неочекуван крах и долгогодишниот тренер Липи бил отпуштен и заменет со Карло Анчелоти. По завршувањето на сезоната, клубот се решил за поголема реконструкција и продажба на некои повозрасни играчи со подолг стаж во клубот, како Ди Ливио, Анџело Перуци и Дидје Дешан.

Вкупо за Јувентус одиграл шест сезони во кои забележал 269 настапи и постигнал 6 гола.

Фјорентина И покрај силната врска која ја имал со Јувентус, во летото 1999 година тој бил продаден против негова волја во . Дебитирал за виола на 11 август 1999, во натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против полската екипа , во кој неговиот тим забележал победа со 3-1 на Артемио Франки. Својот прв гол во виолетовиот дрес го постигнал на 6 ноември 1999, во ремито 1-1 на гостувањето против во Серија А.

Во сезоната 2000-2001, Ди Ливио го освоил својот прв трофеј со Фјорентина, Купот на Италија, после победата со вкупен резултат 2-1 во финалето против ; ова бил неговиот втор трофеј во купот во неговата кариера по оној освоен со бјанконерите шест години порано. Сепак, само година дена по овој успех, следеле тешки денови за клубот од Фиренца кој се соочил со големи финансиски проблеми и на крајот со испаѓање од Серија А по 7 последователни сезони таму.

Набргу потоа во 2002 година Фјорентина прогласила банкрот, по што била преместена во Серија Ц2 под новото име Флорентија Виола, а Ди Ливио - кој бил назначен за капитен на виола во претходната сезона - решил да остане со цел да му помогне на клубот во овие тешки денови. Откако клубот, кој станал носител на спортската традиција на исчезнатиот популарен италијански клуб, го освоил Ц2 првенството тие истовремено добиле уште една промоција и право да играат во Серија Б следната сезона заради спортските заслуги остварени во минатото. Следната сезона во Серија Б, клубот го вратил старото име Фјорентина, а Ди Ливио одиграл 41 натпревар и постигнал 4 гола; тој исто така играл за својот тим и во двата натпревари против во плејофот за промоција во Серија А, помагајќи му на клубот конечно да се врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал по само две години пауза.

Ди Ливио останал во Фјорентина до крајот на сезоната 2004-2005, по која клубот не му го обновил договорот и тој решил да се пензионира од активното играње фудбал. Својот последен официјален натпревар го одиграл на 29 мај 2005 во победата над Бреша со 3-0. Вкупно за Фјорентина одиграл 214 натпревари и постигнал 8 голови.

Репрезентативна кариера Своето деби за сениорската репрезентација на Италија го направил на возраст од 29 години, на 6 септември 1995, во натпреварот Италија- (1-0). Потоа тој бил повикуван од страна на четири различни селектори и учествувал на неколку турнири: Европското првенство 1996 во Англија (под водство на Ариго Саки), Светското првенство 1998 во Франција (со Чезаре Малдини), Европското првенство 2000 во Белгија и Холандија (со Дино Ѕоф) и, речиси со 36 години, настапил и на Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија (со Џовани Трапатони).

На 18 јуни 2002 година, Ди Ливио го одиграл својот последен натпревар во националниот дрес, во осминафиналето на мундијалот во 2002, против домаќинот : незаборавно, во текот на овој натпревар, сите погледи биле свртени кон судијата Бајрон Морено, кој го исклучил од игра Франческо Тоти. Во една изјава потоа Ди Ливио рекол дека судијата Морено му го уништил мундијалот.

Вкупно тој забележал 40 настапи за аѕурите, од кои само во 12 играл од почеток до крајот на натпреварот.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 29 мај 2005.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1984-1985 А 0 0 КИ 0 0 КПК 0 0 - - - 0 0 1985-1986 Ц1 13 0 КИ 5 0 - - - - - - 18 0 1986-1987 Ночерина Ц1 31 1 - - - - - - - - - 31 1 1987-1988 Ц2 34 3 - - - - - - - - - 34 3 1988-1989 Ц1 33 1 - - - - - - - - - 33 1 јул.-окт. 1989 Ц1 5 0 - - - - - - - - - 5 0 Вкупно Перуџа 72 4 - - - - - - 72 4 окт. 1989-1990 Б 29 2 - - - - - - - - - 29 2 1990-1991 Б 36 3 КИ 2 0 - - - - - - 38 3 1991-1992 Б 36 3 КИ 4 0 - - - - - - 40 3 1992-1993 Б 36 5 КИ 1 0 - - - - - - 37 5 Вкупно Падова 137 13 7 0 - - - - 144 13 1993-1994 А 33 0 КИ 2 1 КУ 2 0 - - - 37 1 1994-1995 А 27 1 КИ 9 0 КУ 10 0 - - - 46 1 1995-1996 А 32 0 КИ 2 0 ЛШ 9 1 СИ 1 0 44 1 1996-1997 А 32 1 КИ 4 0 ЛШ 11 0 СУ+ИнтК 2+1 0 50 1 1997-1998 А 30 0 КИ 6 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 44 0 1998-1999 А 33+2Плејоф за Куп на УЕФА/Интертото. 1 КИ 4 1 ЛШ 8 0 СИ 1 0 48 2 Вкупно Јувентус 187+2 3 27 2 47 1 6 0 269 6 1999-2000 А 30 2 КИ 2 0 ЛШ 142 настапи во третото квалификациско коло. 0 - - - 46 2 2000-2001 A 33 1 КИ 8 0 КУ 2 0 - - - 43 1 2001-2002 А 32 1 КИ 0 0 КУ 4 0 СИ 1 0 37 1 2002-2003 Ц2 21 0 КИ-Ц 3 0 - - - - - - 24 0 2003-2004 Б 41+2Плејоф за промоција. 4 КИ-Ц 2 0 - - - - - - 45 4 2004-2005 А 12 0 КИ 7 0 - - - - - - 19 0 Вкупно Фјорентина 169+2 8 22 0 20 0 1 0 214 8 Вкупно во кариерата 613 29 61 2 67 1 7 0 748 32

Репрезентативна статистика Извор:

Фудбалска репрезентација на ИталијаГод.НастГол1995201996701997100199860199920200050200150200230Вкупно400

Титули Рома Турнир Вијареџо : 1 1983

Перуџа Серија Ц2 : 1 1987-1988 (група Ц)

Јувентус Серија А : 3 1994–1995, 1996–1997, 1997–1998 Куп на Италија : 1 1994-1995 Суперкуп на Италија : 2 1995, 1997 УЕФА Лига на шампиони : 1 1995–1996 Интерконтинентален куп : 1 1996 Суперкуп на УЕФА : 1 1996

Фјорентина Куп на Италија : 1 2000-2001 Серија Ц2 : 1 2002-2003 (група Б)

Почести 60px Орден за заслуги на Италијанската Република — Рим, 12 јули 2000. На иницијатива на Претседателот на Републиката.

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Анџело Ди Ливио на soccerway Анџело Ди Ливио на transfermarkt Анџело Ди Ливио на espn Анџело Ди Ливио на whoscored Статистика на RSSSF.com

Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на ФК Падова Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1966 година