Рамни Габер — село во Општина Студеничани, во околината на град Скопје.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Торбешија.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 18 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 53 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 112 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рамни Габер живееле 180 жители, сите Албанци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.

Според пописот од 2002, селото брои 39 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 7 Албанци и 13 лица без податоци.

Родови

Рамни Габер е албанско село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

Доселеници: Шаље (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век; Џоке (5 к.) потекнуваат од северна Албанија. Од таму се иселиле во околината на Ѓаковица, па потоа се доселиле во Рамни Габар. Овде живеат од почетокот на XIX век; Тураш (8 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓач (16 к.) потекнуваат од фисот Гаш. Од старото место се иселиле тројца браќа преку Косово се населиле најпрво во Црвена Вода, таму еден од браќата убил некој Албанец од селото Драчевица во кавга за земја, па затоа се населиле во селото Рамни Габер, во Црвена Вода имаат роднини; Калис (2 к.) потекнуваат од фисот Калиса во северна Албанија; Ѓеч (4 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија. Имаат роднини во селото Вртекица кај Качаник; Фанд (1 к.) потекнуваат од фисот Гаш во северна Албанија. Таму живееле во областа Фанде.

Поврзано Торбешија Општина Студеничани Студеничани

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Рамни Габер на Карти на Гугл