Исмаил Самани (таџ. Қуллаи Исмоили Сомонӣ; рус. пик Исмаила Самани) е највисоката планина во Таџикистан и поранешниот Советски Сојуз. Наречена е по емирот Исмаил Самани (849-907), родоначалник на династијата Саманиди.

Кога во 1928 се утврдило дека во венецот Памир постои планина повисока од Лениновиот Врв, надлежните провизорно претпоставиле дека станува збор за Гармо. Со понатамошните експедиции на планините, во 1932 е востановено дека не станува збор за една иста планина, а во 1933 новиот врв во венецот Академија на Науките, бил наречен Сталинов Врв (пик Сталина), во чест на Јосиф Сталин. Во 1962, името е сменето во Врв на Комунизмот (таџ. Пики Коммунизм, рус. пик Коммунизма), а во 1998 е дадено сегашното име.

Планината прв ја искачил советскиот планинар Евгениј Абалаков, на 9 септември 1933 г.Голема советска енциклопедија, „Пик Коммунизма“

За првпат Македонци ја искачиле оваа планина во 1984 година, кога Македонската Алпинистичка експедиција „Памир '84“ во чиј состав биле алпинистите: Димитар Илиевски, Слободан Јованоски, Борче Јовчевски, Ѓорѓи Костовски, Благојче Лазаров и Јован Попоски направила искачување на врвовите Пик Четворјох, НКВД и Пик Комунизам.

Поврзано Ленинов Врв Корженевскаја

Наводи

Надворешни врски

„Пик Имени Исмаил Самани“ - Peakware

Категорија:Планини во Таџикистан Категорија:Седумилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите