Симоне Перота (роден на 17 септември 1977 во Ештон-под-Лин, Англија) — италијански поранешен фудбалер, репрезентативец, играч од средниот ред.
Бил член на фудбалската репрезентација на Италија која го освоила првото место на Светското првенство во фудбал 2006.
Технички одлики Перота е познат по својот прилагодлив играчки стил, луцидните проигрувања и големата претрчана километража.
Клупска кариера Рана кариера Иако е роден во Англија, Перота своите први фудбалски знаења ги стекнал во младинската школа на Реџина. Првиот настап во неговиот матичен клуб бил во 1995 г. во рамките на Серија Б. Оттогаш, Симоне станал важна алка во поставата на Реџина. Три години подоцна, во 1998 г. потпишал за Јувентус, но покрај фудбалските величини како Зинедин Зидан, Дидје Дешан и Антонио Конте, Перота запишал сано 10 настапи зад своето име.
Во 1999 г. тимот на Бари добил 50% од правата врз Перота, како дел од договорот со Јувентус, по кој Џанлука Ѕамброта преминал во клубот од Торино. Бари освен Перота, добиле и дополнителни 1,5 милиони евра. Во јуни 2001 г. Бари за 300 илјади евра целосно го откупиле договорот на Перота, најмногу поради неговите добри партии во нивниот дрес.
На почетокот на сезоната 2001/02 од Серија А, Перота прешол во редовите на Кјево. Овој тим со помошта на Перота, зимската пауза во првенството ја минал како водач во Серија А. Перота бил асистент на победничкиот гол во натпреварот против вицешампионот Интер.
Рома Во 2004 г. Рома успеа да го донесе Перота во своите редови за сума од 7,2 милиони евра, притоа потпишувајќи тригодишен договор со него. Веднаш се наметнал кај тренерот Лучано Спалети, и си обезбедил постојано место во почетните 11. Тоа резултирало со нов договор во 2006 год, овојпат со времетраење од 4 години (до 2010) и поголема плата. Одлично се вклопил во поставата 4-2-3-1, играјќи како истурен играч за врска, веднаш позади шпицот во нападот. Во октомври 2009 го продолжил постојниот договор на уште една дополнителна сезона (до 2011), за намалена плата на 2,5 милиони евра годишно. По истекувањето на овој договор потпишал нов, сѐуште важечки, до 2013 г. за загарантирана плата од 2,6 милиони евра плус бонуси во зависност од настапите. Важи за еден од носителите на играта на римската волчица, заедно со Даниеле Де Роси и Франческо Тоти.
Репрезентативна кариера Без разлика што е роден во Англија, Перота немал право да игра за нивната репрезентација. Со екипата на Италија под-21 го освоил пехарот на УЕФА Европско првенство до 21 година во 2000 г. но не настапил на Летните олимписките игри 2000 год. поради ситна повреда. Своето деби за репрезентацијата на Италија го имал во 2002 г. Бил пријавен и за Европското првенство во фудбал 2004, кога впрочем и постигнал гол против Бугарија во фазата по групи. Перота бил во составот на Марчело Липи за Светското првенство 2006, каде бил во почетниот тим на сите 7 натпревари за аѕурите на патот до нивниот четврт шампионски пехар.national-football-teams.com Бил повикан и за Европското првенство во фудбал 2008, каде бил редовен стартер, и со Италија дотуркал до четврт-финалето каде на пенали загубиле од подоцнежниот првак Шпанија. Во 2009 г. се простил од настапите за репрезентацијата.
Приватен живот Перота живеел во Англија до 4-годишна возраст. Неговите родители, Франческо и Ана Марија поседувале паб близу нивниот дом, пред да се вратат во Италија, во 1982 г. Оваа брачна двојка водела потекло од Реџо Калабрија. На 22 декември 2010 г. бил поставен споменик на Перота пред стадионот на локалниот фудбалски тим од Ештон-под-Лин. Споменикот бил еден од трите на фудбалери родени во тоа место, и што притоа го освоиле Светското првенство во фудбал.
Статистика
Титули Рома Куп на Италија (2) : 2007 и 2008 Суперкуп на Италија (1) : 2007 Серија А (второ место) : 2003–04, 2005–06, 2006–07, 2007–08, 2009–10
Репрезентација на Италија Светско Првенство (1) : 2006 УЕФА Европско првенство до 21 година (1): 2000 Олимписки игри: 2004-бронзен медал
Наводи
Надворешни врски Профилот на Перота на официјалното мрежно место на ФК Рома Целосен играчки профил и статистики за Перота
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Родени во 1977 година