ФК Рома ја освоиле нивната трета титула шампион на Италија, освојувајќи го насловот во сезоната 2000-01 во Серија А, и така трофејот наменет за победникот останал во главниот град на Италија откако сезоната пред тоа триумфирал градскиот соперник Лацио. Трансферот на искусниот напаѓач на Фјорентина, Габриел Батистута одиграл клучна улога за титулата на Рома, бидејќи аргентинецот постигнал 20 гола во Серија А со кои уште еднаш потврдил дека е голема ѕвезда во светскиот фудбал.

Тренерот Фабио Капело се врати уште еднаш на врвот на Серија А, за првпат од како предводел Милан во сезоната 1995-96, а неколку играчи беа навистина влијателен фактор во трансформацијата на тимот кој завршил шести во претходната година. Кафу и Винсент Кандела играа како крила во 3-5-2 формација, и во комбинација со креативен гениј како Франческо Тоти, чувството за голови на Винченцо Монтела, дефанзивните квалитети во средниот ред на Емерсон, и даваа на Рома значително офанзивна предност над своите соперници. Младиот аргентински дефанзивец Валтер Самуел, исто така, се покажа од клучно значење, и неговата прва сезона со Рома резултирше веднаш со наслов.

Титулата беше освоена по победата со 3-1 над Парма на домашен терен, натпревар кој се очекуваше да биде тежок за "римјаните". Сепак, натпреварот поминал лесно за Рома благодарение на големото трио Тоти, Монтела и Батистута кој ги постигнале головите.

Тим

Серија А Завршна табела PWDLFAGDPtsШампион1Рома3422936833+3575ЛШ2Јувентус34211036127+3473ЛШ Кв.3Лацио3421676536+2969ЛШ Кв.4Парма34168105131+2056УЕФА Куп5Интер34141285752+551УЕФА Куп6Милан34141195037+1349 7Аталанта34157124040044Интертото8Бреша34137143846-844УЕФА Куп9Фјорентина34129134150−943 10Болоња34128144347-443 11Перуџа341013113739−242 12Удинезе34119144943+638 13Лече34913124352−937Испаѓа14Реџина34107173249−1737 15Верона34107174059−1937Испаѓа16Виченца3499163751−1436Испаѓа17Наполи34812143551−1636Испаѓа18Бари3455243168−3720

Натпревари

Куп на Италија Фаза-Најдобрите 16

Куп на УЕФА

Список на стрелци Габриел Батистута 20 (1) Винченцо Монтела 14 Франческо Тоти 13 (4) Марко Делвекијо 3 Винсент Кандела 3 Емерсон 3

Надворешни врски RSSSF - Italy 2000/01

2000-01