Жоао Алвеш де Азис Силва (роден на 20 март 1987 година), попознат како Жо, е бразилски фудбалер, напаѓач на Ал Шабаб.
Тој претходно играл за Коринтијанс, ЦСКА Москва, Манчестер Сити, Евертон, Галатасарај, Интернасионал, Атлетико Минеиро.
Клупска кариера Коринтијанс Роден во Саун Пауло, Жо играл за бразилскиот тим Коринтијанс во текот на годините од 2003-2005. Тој направил 54 настапи за тимот постигнувајќи 23 гола. Во 2005 година тој направил трансфер во рускиот клуб ЦСКА Москва.
ЦСКА Москва Жо постигнал 14 гола во неговите први 18 настапи за ЦСКА Москва. Во еден натпревар од Лигата на шампионите против Интер од Милано, Жо го постигнал првиот гол во натпреварот но неговиот тим загубил дома со 2-1. Во следниот натпревар против истиот противник тој одново го отворил резултатот, ЦСКА водела и со 2-0, но загубиле со 4-2 во драматичен натпревар на Сан Сиро. Вкупно во сите конкуренции, Жо одиграл 77 натпревари за ЦСКА Москва и постигнал 44 гола.
Манчестер Сити На 31 септември 2008 година, Жо потпишал со Манчестер Сити за непозната сума која се смета дека била во вредност од околу 19.000.000 £, што претставувало клупски рекорден трансфер во тој момент. Тој постигнал еден лигашки гол во 9 натпревари, против екипата на Портсмут, и исто така постигнал два гола во Купот на УЕФА против Омонија. Жо наишол на силни потешкотии во обидот да се вклопи во тимот на Сити и одиграл само 6 натпревари на почетокот на сезоната 2008-09.
Жо му се приклучил на Евертон на заем во февруари 2009 година, со договор до крајот на сезоната 2008-09. Тој го направил своето деби на Гудисон Парк против Болтон Вондерерс, постигнувајќи два гола во победата од 3-0, воодушувајќи го менаџерот Дејвид Мојес уште на своето деби. Тој ја завршил сезоната со пет гола во дванаесет лигашки настапи, иако го пропуштил финалето на ФА Купот бидејќи имал забрана за настап во куповите, откако играл во последните 20 минути во поразот на Манчестер Сити во третата рунда од ова натпреварување од Нотингем Форест.
Тој се вратил во Манчестер Сити на крајот на сезоната, но набрзо повторно му се приклучил на Евертон на едносезонска позајмица до крајот на сезоната 2009-10, со опција за постојан трансфер по завршувањето на сезоната. Неговиот прв гол по позајмицата бил постигнат против АЕК во Лига Европа во групната фаза, кој Евертон го добил со 4-0. Тој се вратил во Бразил без дозвола во текот на Божиќниот периодот, по што менаџерот на Евертон Мојес го суспендирал за прекршување на правилата на однесување.
По овој скандал во Евертон, тој се вратил во Манчестер Сити и бил позајмен на Галатасарај на истиот ден. Тој постигнал три гола за време на неговата позајмица во Галатасарај.
Тој се вратил повторно во Манчестер Сити, откако неговата позајмица во Галатасарај истекла.
На 21 ноември 2010 година Жо бил стартер за Манчестер Сити во убедливата победа на неговиот тим со 4-1 над Фулам на Марк Хјуз (менаџерот кој го доведе во Сити), а Жо исто така одиграл своја улога во убедливата победа на тимот иако не постигнал гол. Жо исто така бил вклучени и во победата од 3-1 на Манчестер Сити нагостувањето кај Вест Хем пред Божиќ и го постигнал единствениот гол во ремито 1-1 на Сити со Јувентус во УЕФА Лига Европа.
Интернасионал На 20 јули 2011 година, по разочарувачкиот престој во Манчестер Сити, во кој постигнал само шест гола во 41 настап, Жо одлучил да се врати назад во Бразил и да му се приклучи на Спорт Клуб Интернасионал за да се обиде да ја оживее својата кариера.
Атлетико Минеиро Во мај 2012 година, Жо се преселил во друга бразилска екипа потпишувајќи со Атлетико Минеиро.
Ал Шабаб Во јули 2015 година, Жо потпишал договор со екипата на Ал Шабаб од Дубаи.
Титули Клупски Коринтијанс Бразилско првенство : 2005
ЦСКА Москва Руска Премиер лига: 2006 Куп на Русија: 2006, 2008 Суперкуп на Русија: 2006, 2007
Коринтијанс Кампеонато Гаучо: 2012
Атлетико Минеиро Кампеонато Минеиро: 2013, 2015 Копа Либертадорес: 2013 Фудбалски куп на Бразил: 2014
Репрезентативни Летни олимписки игри: 20px Бронзен медал 2008 Куп на конфедерации: 2013
Надворешни врски Профил на Жо на soccerway Профил на страницата Soccerbase.com
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК ЦСКА Москва Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Интернасионал Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Минеиро Категорија:Родени во 1987 година