Обервајсбах (службено: Обервајсбах/Тириншка Шума; , Oberweißbach/Thüringer Wald) — поранешен град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната Тирингија, Германија. Се наоѓа во Тириншката Шума, 17 километри југозападно од окружниот град Залфелд.
Местото останало да продолжи да биде административно седиште на новосоздадениот град Шварцатал, на кој претставува дел од 1 јануари 2019 година.
Географија
Обервајсбах е признаено покраинско одморалиште во Природниот парк Тириншка Шума во долината на Вајсбах.
Градски единици
Градот Обервајсбах бил поделен на две единици:
Обервајсбах; и Лихтенхајн/Бергбан.
Историја
На 31 декември 2008 година била припоена поранешната општина Лихтенхајн/Бергбан.
Личности Фридрих Фребел (1782 - 1852) — педагог и творец на детската градинка
Надворешни врски
Категорија:Залфелд-Рудолштат Категорија:Поранешни општини во Тирингија