Алусијан — македонски цар (благородник), втор син на Јован Владислав со принцезата Марија. Го убил Петар Делјан во 1041 година, по што за кратко го преземал престолот.

По пропаѓањето на Самуиловото Царство (1018 г.), му се предал на царот Василиј II и бил почестен со титулата патрикиј. Заедно со другите претставници на владејачката фамилија, бил одведен во Цариград и стапил во византиска служба. Во еден период ја вршел должноста стратег на темата Теодосипол во Ерменија, а потоа паднал во немилост. Интересен е начинот на кој Алусијан го предал тогашниот владетел Петар Делјан. Штом дознал за востанието на Петар Делјан, тајно ја напуштил Мала Азија и преку Цариград и Солун пристигнал во логорот на востаниците кај Острово. Имено, синот на Гаврил Радомир имал голема доверба во Алусијан, војсководец од Самуиловата кралска лоза. Делјан (како на свој братучед) му дал 40 илјадна војска за го освои Солун. По шестдневна опсада на градот, Алусијан претрпел тежок пораз и едвај спасил жива глава. Тој успеал да пребега, но на лукав начин извршил големо предавство. После Битката за Солун за почнале несогласувањата со Петар Делјан. Приредил банкет во местото Острово, каде го поднапил Делјана и потоа го ослепил. Делјановите придружници не ни знаеле што Алусијан сторил, а тој како легитимен наследник седнал на царскиот престол. Таму се задржал многу кратко, нецела година, за подоцна да абдицира и да ги предаде царските војски на византискиот цар Михаил IV. Овој го удостоил со магистерски чин и го испратил во Цариград кај Орфанотрофа. Обезглавено, востанието на Петар Делјан било осудено на пропаст. Слепиот Делјан, без да дава отпор, бил фатен и испратен во Солун.Извадок од третиот том на капиталното дело „Средновековна Македонија“ (стр. 51-60) од авторот проф. д-р Бранко Панов.

Алулсијан одржувал пријателски врски со познатиот византиски флозоф и писател Михаил Псел.

Писмо на Михаил Псел, личен познаник на Алусијан Поднаслов од научен труд за македонската историја Михаил Псел за предавството на Алусијан

Последици од неуспехот на востанието Македонија била опустошена. Еден добар дел од нејзиното население императорот го претворил во робје, а не бил мал бројот на оние што ги изгубиле имотите. Цариград, со цел да го разбие етничкото единство на Македонците, во нивната татковина населил туѓи колонисти. Михаил IV во 1042 г. ги пренел Албанците од јужна Италија на Балканскиот Полуостров (Македонија) и ги населил во месноста Арбан, за да го прекине и ослаби овoj дел на народот и нивните врски.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Самоилово Царство Категорија:Комитопули Категорија:Историја на Македонија