Наум Евро или Наум Евров — македонски национален деец и борец за македонска национална самостојност. Евро бил член на Тајниот македонски комитет, каде членувале и Темко Попов, Коста Групче и Васил Карајовов. Евро и Комитетот се залагале за македонска самостојност, воведување на македонскиот јазик во училиштата, издавање на македонски граматика и правопис и одбрана од балканските пропаганди во Македонија.
Животопис
Наум Евро е роден во Струга, тогаш Отоманско Царство. Во 1872 година, Наум Евро станал член на друштвото „Свети Климент“ од Охрид и станал силен поборник против Бугарската егзархија. На 5 октомври 1875 година, Наум Евро заедно со други граѓани на Охрид направиле неуспешен обид за возобновување на Охридската архиепископија. Се школувал на Богословската школа во Белград, по што бил назначен за практикант во Врањскиот Округ. Самиот се потпишувал дека е „Родум Македонец од Струга“, подоцна емигрирал во Софија. Заедно со Темко Попов, Коста Групче и Васил Карајовов го основале Тајниот македонски комитет, најверојатно пред 1885 година. Поради тоа биле апсени во СофијаПисма на Стоян Новакович. Во Истанбул го издавале македонскиот весник „Македонски лист“ на 26 јули 1887 година и се обиделе да издадат буквар. Наум Евро се вратил во Струга на 8 октомври 1888 година поради болест.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009 г., стр.512.
Наводи
Поврзано
Македонска преродба Таен македонски комитет Македонци
Надворешни врски „Кој је крив“ на Викиизвор.
Никој нема право да претендира на Македонија
Наум Евро - Живот и дело
Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски дејци