thumb|right|200px|Загради Заградите, „(“ и „)“, во македонскиот литературен јазик се употребуваат во следните случаи:
Зборови, изрази или цели реченици кои придонесуваат да се дообјасни нешто што е речено пред тоа: Тој го посетил градот Малме (Шведска). Митре извади од црвените бечви (од купечко платно) голема шамија со цвеќиња и го избриша челото. Тој зел околу педесет илјади денари (а тоа не е мала сума).
Дидаскалии во драмите: Петре (претходно искашлува): - Тоа не е така. Васка (влегува од десната врата): - Добро вечер!
Реченици, изрази што укажуваат на односот на слушателите кон она што го зборува говорителот: Да живее слободата! (долг и силен аплауз).
З