мини|Хол во 1920-ти години Менли Палмер Хол (18 март 1901 - 29 август 1990 година) — автор, предавач, астролог и мистик роден во Канада.

Рани години Менли Палмер Хол е роден во 1901 година во Питербра, Онтарио ) како син на заболекарот Вилијам С. Хол и хиропрактичарката Луис Палмер Хол.

Кариера Во 1919 Хол се преселил од Канада во Лос Анџелес, Калифорнија и таа година се поврзал со Народната Црква. Неговите први публикации се состоеле од два мали памфлети како што е Панцирот на свештеникот (1920). Во периодот помеѓу 1921 и 1923 тој напишал три книги Почетоците на пламенот, издадена во октомври 1922, Патиштата на осамените, издадена во 1922 и Изгубените клучеви на Масоните издадена во март 1923.

Подоцна, во 1928 , кога бил на возраст од 27 години тој ја објавил Енциклопедиски приказ на Масонската, Херметичката, Кабалистичката и Розенкројцерската симболична филозофија: Толкување на тајните учења скриени во ритуалите, алегориите и мистериите од сите времиња, која најчесто се нарекува Тајните учења од сите времиња. Други поважни негови книги се: Занаетот на Дионис (1936), Масонеријата на древните Египќани (1937) и Масонски братски редови (1950).

Хол, кој никогаш не го запознал татко си, се преселил во Калифорнија со неговата баба од страната на мајка му, за да се сретне со мајка му, која живеела во Санта Моника и речиси веднаш потонала во светот полн со мистицизам, езотерични филозофии, и нивните основни начела.Интересот на Хол се засилил уште повеќе кога го запознал и кога му станал ученик на Сидни Џ. Браунсон, „ситен старомоден доктор и ветеран од Граѓанската војна во своите рани 70-ти“ кој работел како лекар по френологија „квазинаука популарна во почетокот на минатиот век која го дели мозокот на делови кои ги создаваат благородните особини како што хероизмот и лошите како суровоста и ги организираат во целини по површината на мозокот“. Хол длабоко ги истражувал ,,учењата на изгубените и скриени традиции, златните стихови на хиндуистичките богови, грчките филозофи и христијанските мистици и духовните богатства во душата на човекот коишто треба да се пронајдат“.За помалку од една година, Хол го одржал своето прво предавање, на тема реинкарнација.

Висок, впечатлив, харизматичен и самоуверен оратор кој станал проповедник во Народната Црква во 1919, Хол ненаситно истражувал за компаративна религија, филозофија, социологиија и психологија и ,,Ги усовршил своите знаења за широкиот спектар на духовни материјали кои одекнувале во потсвесното“. Хол бил назначен за свештеник во Народната црква на 17 мај 1923 и неколку дена подоцна бил избран за постојан ,,пастор“ на црквата.

За време на 1920-тите , Каролин Лојд и нејзината ќерка Естел (членови на семејство кое поседувало вредно нафтено поле во грофовијата Вентура,Калифорнија), започнале да му праќаат голем дел од приходите од нивното нафтено поле на Хол кој ги трошел парите на патувања за да си обезбеди сопствена богата библиотека со античка литература. Првото патување околу светот на Хол за да ги проучува животите, обичаите и религиите во државите во Азија и Европа, кое започнало на 5 декември 1923 , било финансирано од Каролин Лојд но и од проповедите кои тој ги држел.

Тајните учења од сите времиња

Хол станал толку познат и почитуван како предавач и толкувач на записите на античките народи и најкорисните и најпрактични елементи од класичен идеализам, што успешно барал преку огласи некакви средства за да си ја финансира книгата Тајните учења од сите времиња чиешто објавување во 1928 чинело 150.000 американски долари, иако цената на единечните копии се менувала. Според некои извори од Институтот за филозофски истражувања, изданијата на книгата во претпродажба биле продавани по 75 долари, но подоцна се покажало дека книгата достигнала цена од речиси сто долари.Според условите на издавачот, 15 долари биле за потпишувањето на договорот за издавање на книгата.Компанијата од Сан Франциско Х.С.Крокер се согласила да ја објави книгата под услов Хол да го заинтересира дизајнерот на книги Џон Хенри Наш кој некогаш работел како печатар во Ватикан.

По објавувањето на Тајните учења од сите времиња животот на Хол му се променил.Тој преку ноќ се променил- од обичен млад проповедник од Лос Анџелес во една од иконите на сè повлијателното метафизичко движење кое ја зафатило земјата во 1920.Неговата книга предизвикала разни претпоставки за духовните корени на општеството и ги натерала луќето поинаку да гледаат на нив.Хол ја посветил Тајните учења од сите времиња на ,,тврдењето кое се криело во симболичните фигури,алегории и ритуали на древните народи и кое е тајна доктрина која се однесува на внатрешните мистерии на животот и којашто доктрина била целосно зачувана од страна на мала група на напредни умови“. Еден писател рекол :„Резултатот од ова е прекрасна книга за мистериозни симболи , концизни есеи и живописни раскажувања за митски ѕверови кои излегуваат од морињата , ангелски суштества со лавовски глави кои надгледуваат мрачни обреди во храмови осветлени со факели на древните цивилизации кои владееле со скриените моќи и кои ова го зачувале од дофатот на модерниот човек“.

Во 1988 Хол напишал: „Најголемите знаења на сите времиња треба да бидат достапни и во дваесеттиот век но не само во форма на сиромашни изданија од библиотеката Бон, туку како книга која ќе биде споменик, а не само ковчег.Џон Хенри Наш се согласува со мене“. Осумдесет години подоцна со повеќе од милион продадени примероци, Тајните учења од сите времиња е сè уште една од најпопуларните книги за езотеричните традиции.

Тајните учења од сите времиња се смета за класичен пример за печатарската и коричарската уметност и оригиналот на оваа книга е направен поинаку од другите книги од тоа време.Во оригиналното издание на книгата страниците биле 30 см широки и 48 см долги. Овие димензии се резултат на преклопувањето на хартијата од 60 и 96 см за време на процесот кога книгата требало да биде шиена , кориците порабени и кога требало да се стави позлатен материјал на рабовите.Нумерирањето на страните на книгата било според Библијата на Гутенберг.

Со тоа што го обезбедил д-рНаш за обработка на изданието, Хол го имал врвниот мајстор за типографија во државата и секое поглавје завршувало со број на редови кои се потребни за целосно да се пополни страната, што било идеја на д-рНаш, и печатените страни биле во форма на големо фолио на кое имало два параграфи. Насловот: Масонска/Херметичка/Кабалистичка и /Розенкрајцерска/Филозофија/од/Менли П. Хол/1928 било испечатено со златни букви.На крај корицата била обложена со батик (ткаенина печатена co различни бои) во форма на мрежа што бил увезен од Германија.Секоја книга била заштитена со посебна дрвена кутија со истиот батик како и книгата.Краевите на кутијата биле со темно-зелено платно.

СЛИКИ : Додека некои извори тврдат дека има 54 слики кои уметникот Џ.Огаст Нап ги насликал со водени бои за време на подолг период и кои биле нацртани според апстрактните идеи на г-дин Хол, прегледите на изданијата од 1928 јасно покажуваат дека има 47 такви слики од кои 27 се потпишани од самиот г-дин Нап.Според некои белешки , идејата можеби била прземена од други уметнички дела ,но веројатно сите биле нацртани од г-дин Нап.Над сите овие дела авторски права има г-дин Хол.Разни експерти морале да обноват многу делови кои биле потребни за издавањето на книгата бидејќи голем дел од оригиналите биле потемнети поради годините а некои биле и извалкани.

ПЕЧАТЕЊЕ :Печатењето на текстовите и илустрациите како и насловите во боја , било извршено од г-дин Фредерик Е. Кист кој две години бил сконцентриран на деталите поврзани со делото,експериментирајќи со разни типови на мастило,хартија и со разни стилови на пишување.

ИЗДАНИЈА:Има пет изданија и голем број на копии:прво, или Издание за претплатници-550 копии, второ,или Издание „Крал Соломон“ 550 копии, трето (Теозофско издание) – 200 копии, четврто (Розенкројцерско издание)- 100 копии и Петто издание – 800 копии -вкупно 2200 копии.Во воведите во Розенкројцерското и Петтото издание е посветено детално внимание , што значи дека првите четири изданија биле продадени на приватни претплатници.Воведот во Изданието за претплатници не се однесува на ниедно друго издание, а Воведот во Теозофското издание се однесува на Изданието за претплатници и на Изданието „Крал Соломон“. Има „ Посебен предговор“ во Теозофското и Розенкројцерското издание.Интересен факт е дека датумот на Специјалниот предговор во Розенкројцерското издание, 1 мај 1928 му претходи на датумот на оригиналниот Вовед на сите пет изданија.Причините за двата воведи во Теозофското и Розенкројцерското издание се непознати, и можеби се должат на рекламирањето на книгата или на тоа да се привлече вниманието на публиката за тие филозофски дисциплини.Сепак, посебното внимание посветено на воведните детаљи чинело скапо.Изданијата од 1928 биле со долги маркери за книга широки речиси 3 см кои биле направени од темноцрвена свила.

Првото издание е од историска важност бидејќи е единствено издание во кое била објавена Список на претплатници( на 3 страни во почетокот на книгата).Само 546 биле објавени, четири имиња помалку од 550те копии кои биле објавени и во Изданието на претплатници имало ред каде што биле напишани нивните имиња и друг ред за потписот на Хол. Разликата во бројот на претплатници може да е поради тоа што копиите од книгата морале даимаат авторски права.Во Списокот на претплатници има 22 институции , а останатите 96 % биле приватни корисници.

ДРУГИ ИЗДАНИЈА:Изданијата од 1928 брзо се потрошиле , а шестото издание, објавено во 1936 било црно-бело издание,22 см широко и 33 см долго и неколкупати било печатено во тој формат.Изданијата од 1988 и 1997 биле печатени во боја.Книга со мек повез се појавила во 1989 а книги со мек и тврд повез почнале да се прават во 2007.Во времето на Втората светска војна многу изданија од 1928 биле уништени. Тајните учења од сите времиња не била објавена повторно во нејзината првична големина сè до изданието од 1975 година,по повод „Златната годишнина“ од објавувањето на Изданието за претплатници бидејќи имало голем интерест за оригиналното дело.Хол изјавил дека пет изданија првично биле испечатени како оригиналното дело но не се печателе речиси 47 години и дека досега копиите можеле да се најдат само во некои ретки продавници за книги.Дел од изданијата од 1975 биле потпишано од г-дин Хол а Изданието по повод Златната годишнина било повторно пуштено на печатење во 1977 и 1979.Читателите ги збунило тоа што изданието од 1975 било ограничено на 550 копии бидејќи во преиздаденото Изданието за претплатници била испечатена и оригиналната декларација дека „изданието е ограничено на 550 копии“, но ова не важело за препечатеното издание.

Во 1988 се појавило ново издание на Изданието за претплатници.Претходното имало само 250 копии кои биле потпишани од Хол , било позлатено на рабовите а кутијата на книгата била во иста боја со насловната страна.Изданието од 1988 не било потпишано ниту позлатено.Ова издание било препечатено во 1998.

Огромната популарност на книгата се забележува и по објавувањето на Изданието за читатели во 2003 каде што текстот е многу изменет. Сепак,препечатувањата на Изданието за претплатници од 1975,1977,1979 и 1988 се разликуваат од изданијата од 1928 по својот квалитет, сликите не се толку живи како оние од 1928 и најубвите детали од сликите се изгубени.Насловната исто така е понеквалитетна но и со поинаков дизајн. Насловната на препечатените изданија е потенка бидејќи хартијата е понеквалитетна и не е направена од фин пергамент, туку од темна кожа, некои изданија се шиени а некои лепени.

Кариера како филозоф