Дорнбург () е град во округот Зале-Холцланд, во Тирингија, Германија. Се наоѓа на мал рид над реката Зале. Од 1 декември 2008 е дел од градот Дорнбург-Камбург.
Главни знаменитости
Дорнбург е главно познат по неговите три замоци, кои припаѓале на поранешните големи војводи од Саксо-Вајмар-Ајзенах. Тие се:
„Стар замок“ (Altes Schloss), кој е изграден на местото на постари замоци од почетокот на 12 век. „Нов замок“ (Neues Schloss или „Rokokoschloss“), изграден во италијански стил во периодот 1728–1748. Во него се наоѓаат и убави градини. Третиот и најјужниот од сите три е т.н. „Ренесансен замок“ (Renaissanceschloss), кој бил изграден во 17 век на местото на постар замок.
Наводи
Категорија:Зале-Холцланд